Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ВИДЕО) Јаневски: Да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестираат во агрокомплексот
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ВИДЕО) Јаневски: Да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестираат во агрокомплексот
Агровести

(ВИДЕО) Јаневски: Да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестираат во агрокомплексот

Објавено 04/04/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

На настанот „Денот на НАТО – 4 Април“ што го организираше Евроатлантскиот совет на Северна Македонија свое обраќање имаше и извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија, Свето Јаневски.

Јаневски потенцираше дека не треба да бидеме само брзи, туку и храбри во реформите, зашто само просперитетните економии може да гарантираат безбедност и стабилност.

„Главниот краткорочен приоритет треба да биде спроведување економски политики насочени кон подигање на стандардот и обезбедување можност за младите. Мораме брзо да обезбедиме енергетска независност, да го редизајнираме сегашниот закон, да ги намалиме бирократските практики и да им овозможиме на сите заинтерсирани да инвестираат во обновливи извори“, рече Јаневски.

Намалување на увозната зависност и инвестирање во самоодржливоста, е најважниот аспект од домашната економија на кој треба да работиме, а храната и енергијата да бидат првите области на кои ќе се фокусираме, порача извршниот директор на Бизнис клубот на Евроатлантскиот совет на Северна Македонија.

Во однос на земјоделството Јаневски укажа дека е неопходно да се реструктуираат субвенциите и да се овозможат меки кредити и државни гаранции за компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат секторот.

„Иако традиционално сме земјоделска земја со идеални услови за производство на храна, годишно бележиме трговски дефицит од преку 300 милиони. Годинава ќе биде уште повеќе. Увозот на храна беше околу 700 милиони, но годинава очекуваме да биде една милијарда. Иако се субвенционираат милионски суми, реструктуирањето на владините субвениите мора да биде највисок приоритет заедно со овозможување меки кредити и државни гаранции на компаниите кои се подготвени да инвестират и да го трансформираат земјоделството. Треба да дејствуваме сега. Клучно е да се овозможи отворен дијалог за приротетите на државата, да се направи план во кој сите ќе веруваат и што ќе се реализира за да се трансформира и зачува земјата, а нашата најважна битка треба да биде против емиграцијата.


Јаневски исто така ја нагласи важноста на членството на нашата земја во НАТО.

„НАТО е и ќе остане камен-темелник на безбедноста на нејзините членки. За нас НАТО значи поголема одговорност за заедничката безбедност, но и за исполнување на стандардите на цивилизираниот свет: демократски институции, либерална пазарна економија, борба против корупцијата, владеење на правото, осносно човечко достоинство и поширока толерантност. На Балканот тоа не е познато, се уште сме на почеток на нивното спроведување“, рече Јаневски.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:натосвето јаневски
Претходен напис (ВИДЕО) Славјанка Петровска: Центарот за поддршка на домашните компании е можност за пробив на НАТО пазарот
Следен напис Во Карбинци интензивно се градат цевководите до осум села
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?