Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се очекува увозот на српска пченица, крената „рампата“ и за суровото масло
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се очекува увозот на српска пченица, крената „рампата“ и за суровото масло
Агровести

Се очекува увозот на српска пченица, крената „рампата“ и за суровото масло

Објавено 28/03/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Земјава ги очекува првите количини жито од Србија. Откако и официјално беше договорено да биде тргната забраната за извоз во нашата држава, северниот сосед ги почна административните процедури и формалности по кои се очекува реализација на увозот. Србија ја крена „рампата“ и за извоз на сончоглед.

– Очекувам следната недела да почне увозот на пченица и на останатите суровини од Србија. Колку количини ќе се увезат, зависи од македонските компании и од трговците. Нашaта задача беше да се тргне забраната, рече вчера вчера министерот за земјоделство, шумарство, водостопанство, Љупчо Николовски. Владата, потсети Николовски, не договара колкав ќе биде увозот. Тоа го прават бизнис партнерите од двете земји.

– Ние ги прегледавме и искомунициравме количините кои се неопходни, одржавме состаноци со сите комори, со сите економско-социјални партнери и компании што имаат договори, за да бидат земени предвид. Договорот што го постигнавме со Србија е дека се трга забраната за извоз кон земјава и дека ќе се реализираат сите договори меѓу трговските партнери, потенцираше министерот.

На состанокот во Белград минатата недела македонската делегација, како што истакна Николовски, била информирана дека од Србија и од многу европски земји се бараат огромни количини пченица и други производи.

-Но, приоритет имаат земјите од „Отворен Балкан“. Северна Македонија и Србија се основачи на оваа иницијатива. Сега гледаме колку е тоа важно – во време на светска криза, конфликт и затворени пазари, ние да имаме отворен пазар, подвлече министерот за земјоделство.
Тој уште еднаш напомена дека домашните капацитети за производство на основни прехранбени производи меѓу кои и маслото за јадење, се ставени во полн капацитет, а со укинувањето на забраната за извоз на рафинирано и нерафинирано масло од Србија се обезбедува стабилност на пазарот на храна за овие прехранбени производи.

Претседателот на Одборот на директори на „Витаминка“ Симон Наумоски кој го придружуваше Николовски во „Брилијант“, тврди дека со увозот на нерафинирано растително масло од Србија, ќе има суровина за 2,5 до три месеци. Како и што ќе биде потоа, додаде, има време за размислување, а ќе се следи и ситуацијата на пазарите. Се е неизвесно, додека трае руско-украинскиот конфликт.

-Се случуваат нови моменти. Се нуди масло и од други земји по чудни цени – некаде многу високи, некаде нешто пониски, поради што не знаеме да одговориме во оваа ситуација, се дури трае војната во Украина, дециден е Наумоски.

Според него, засега никој не може да каже или да прогнозира дали цената на зејтинот ќе се зголеми. Дистрибуцијата од нивната компанија е веќе нормализирана и се испорачува во маркетите, а количините ќе го задоволат македонскиот пазар.

-Што се однесува до цената на суровото масло, ја знам вчерашната на светските пазари,но не и денешната. Утрешната која ќе биде никој не знае. Не можам да одговорам дали ќе се зголеми или ќе се намали, дополни Наумоски.

Македонските компании за производство на масло за јадење најмногу суровини купуваат од Србија и Бугарија. „Брилијант“ покрива 60 отсто од домашниот пазар на масло за јадење.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:пченицасрбојамасло
Претходен напис Нѐ очекува променливо облачно време, попладне во југозападните делови локален дожд
Следен напис Жителите на Сирково бараат приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?