Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Жителите на Сирково бараат приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Жителите на Сирково бараат приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп
Рурален Развој

Жителите на Сирково бараат приклучок на брзиот пат Градско-Прилеп

Објавено 28/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Жители на росоманско Сирково денеска протестираат на влезот во селото, барајќи приклучок кон новиот брз пат Градско-Прилеп, кој е во изградба, проблем што постои уште од 2015 година. Тие ја блокираа механизацијата што работи на овој дел од патот, изразувајќи на тој начин револт што останале без приклучок кон оваа делница.

-Овој проблем го имаме од пред седум години. Сме реагирале и досега, протестиравме и пред неколку месеци. Бараме од Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта, позитивно да одговорат на нашето барање. Бараме, исто така, да ни се асфалтираат постоечките приоди кон селото откај Росоман, доколку тие бидат оштетени при изградбата на новиот пат – појасни за МИА Веле Коцев, претседател на месната заедница.

Тој нагласи дека е срамота да го гледаат брзиот пат на околу двеста метра, а да не можат да се приклучат на него кога ќе биде готов, па да вртат со километри за да дојдат до првиот приклучок.

-Сирково е второ по големина село после Росоман во оваа општина. Има околу 500 постојани жители, но и многу луѓе постојано гравитираат наваму. Ако не се издејствува овој приклучок, тоа ќе го уназади селото и ќе ни се иселат младите – дециден беше Коцев.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:градскоприлепСирковосиррково
Претходен напис Се очекува увозот на српска пченица, крената „рампата“ и за суровото масло
Следен напис Maкедонско вино на меѓународниот Slow Wine саем во Болоња
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?