Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Принудно колење на добитокот, пролетната сеидба под прашалник… Конфликтот во Украина и санкциите против Русија имаат огромно влијание врз светскиот земјоделско-прехранбен сектор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Принудно колење на добитокот, пролетната сеидба под прашалник… Конфликтот во Украина и санкциите против Русија имаат огромно влијание врз светскиот земјоделско-прехранбен сектор
Агровести

Принудно колење на добитокот, пролетната сеидба под прашалник… Конфликтот во Украина и санкциите против Русија имаат огромно влијание врз светскиот земјоделско-прехранбен сектор

Објавено 22/03/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Конфликтот во Украина и санкциите против Русија имаат огромно влијание врз светскиот земјоделско-прехранбен сектор.

Украина е најголемиот снабдувач на добиточна храна во светот и еден од четирите најголеми извозници на пченка во светот, наведува порталот Farmer. Сточарите во Јужна Европа стравуваат дека ќе биде неопходно масовно колење на животни, бидејќи залихите со храна се намалуваат. Најпогодени се Шпанија и Италија, кои се познати по месото и млечните производи.

Според податоците од 2021 година, Шпанија има најголем број говеда во цела ЕУ, околу 58,8 милиони грла говеда, свињи, кози и овци. Италија, со над 22,5 милиони грла, е на четвртото место.

Мишел Ливерини, потпретседател на компанијата за добиточна храна Mangimi Liverini SpA, вели дека италијанските пристаништа имаат залихи на сточна храна за уште 25 дена. Ситуацијата дополнително се комплицира поради недостигот на алтернативни извори на увоз, бидејќи Унгарија, Молдавија и Србија го забранија извозот за да ги заштитат своите залихи.

May be an image of 11 people and outdoors

Сточарите и компаниите известуваат дека се соочуваат со голема криза и проблеми при набавка на храна за своите животни. За одржување на фармите ќе биде потребно дел од нив да се заколат и со тоа да се намали нивниот број. Проблемот е што за да се обнови сточниот фонд се потребни години.

Емилио Риал, директор на групацијата Coren – шпанска земјоделска задруга, изјави за Ројтерс дека трошоците за производство на основната храна пораснале за 40 отсто и дека зголемувањето на цените ќе биде неизбежно.

Протести на фармерите во Мадрид

Илјадници шпански фармери вчера учествуваа на демонстрациите во центарот на Мадрид против политиката на владата на Педро Санчез.

Протестот се одржал под слоганот „Заедно за полето“, а учествувале членови на ловечки друштва и сточари. Биле поднесени барања за промена на земјоделската политика што ја спроведува централно-левичарскиот кабинет на Санчез.

Во интервју за новинарите, демонстрантите укажаа на зголемувањето на трошоците за земјоделското производство, како што е наглото поскапување на горивата, како и на пасивноста на владата.

И грчките земјоделци на улиците

Минатиот петок имаше протести во главниот град на Грција, Атина, каде што стотици земјоделски производители на улица побараа дополнителни даночни намалувања и субвенции за борба против високите цени на горивата и ѓубривата, пишува ant1news.

Земјоделците во Грција организираа повеќенеделни протести поради високите цени на енергијата на почетокот на оваа година. Посочуваат дека трошоците им се толку високи што ќе бидат принудени да произведуваат помалку и да ги зголемат цените за потрошувачите.

La voz del campo es unanime: #PreciosJustosYA. Basta de especulación. Por una normativa que nos proteja y nos respete. #JuntosPorElCampo #20MRural pic.twitter.com/5b3teECNiW

— UPA (@UPA_Federal) March 20, 2022

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:грцијапротестиШпанија
Претходен напис Украинското живинарство трпи огромни загуби – живината нема храна, уништени магацини, се заканува еколошка катастрофа
Следен напис Пролетно пошумување на дел од опожарените површини во Кочани
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?