Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Златен медал за виното Вранец Орле на винаријата „Венец”
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Златен медал за виното Вранец Орле на винаријата „Венец”
Агровести

Златен медал за виното Вранец Орле на винаријата „Венец”

Објавено 22/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Винаријата „Венец” на престижниот натпревар „Citadelles du Vin” кој се одржува во Франција освои златен медал за виното „Вранец Орле” 2019 кое го доби и признанието “NORTH MACEDONIA SPECIAL PRIZE”.

Ова вино потекнува од истоимениот микролокалитет Орле каде што на 600 м.н.в се наоѓа лозовиот насад стар повеќе од 22 години. Виното се карактеризира со интензивна темно-црвена боја, овошна арома на зрели капини и сливи.

May be an image of bottle and text

Ова е голем успех за нашата држава за афирмација како винскиот потенцијал, особено што станува збор за светски натпревари кој е вистински предводник за винската индустрија ширум светот. Секоја година, во март, повеќе од 50 дегустатори од највисоко ниво од целиот свет се среќаваат во Бордо-Франција каде што ги избираат најдобрите вина од над 1.000 примероци кои доаѓаат од околу 30 земји.

Виното „Вранец Орле” минатиот месец се закити и со златен медал на пролетното издание на престижниот натпревар на вино „Мундус Вини” кој се одржа во Германија.

Винаријата „Венец” произведува винско грозје и вино од 1956 година применувајќи различни уникатни и рафинирани техники. Таа создава традиција за подготовка на вина, со посебна посветеност на секој сегмент од целиот процес. Вината на „Венец” предизвикуваат пријатно искуство и ги оживуваат сетилата со подобрување на аромите и текстурите.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:орле
Претходен напис Министерот Николовски се сретна со чешкиот амбасадор со цел унапредување на соработката во доменот на земјоделството
Следен напис Николовски: Во следните 7 до 10 дена Србија ќе ја тргне забраната за извоз на пченица, пченка, брашно, масло за јадење за Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?