Во текот на вчерашниот ден министерот Љупчо Николовски оствари средба со чешкиот амбасадор Јарослав Лудва. На средбата разговарале за унапредување на соработката меѓу Македонија и Чешка во доменот на земјоделството.
„Соработката со нашите европски партнери продолжува. Денеска се сретнав со амбасадорот на Чешката Република во Скопје, Јарослав Лудва, со кој разговаравме за унапредување на соработката меѓу нашите две пријателски земји во доменот на земјоделството.

Амбасадорот Лудва истакна дека Чешката Република, која од 1 јули ќе биде претседавач на ЕУ, и дава голема поддршка на Северна Македонија за започнување на преговорите за влез во ЕУ. Амбасадорот Лудва ме информираше дека Чешката Република планира повеќе инвестиции во Северна Македонија, како и соработка на заеднички проекти во рамките на ИПАРД програмата, за која имаме целосна искористеност во делот на земјоделството.
Во мај се планира посета на Северна Македонија од страна на министерот за земјоделство на Чешката Република, Зденек Некула, на која се предвидува одржување на Економски форум и Б2Б средби помеѓу економските оператори од двете земји кои работат во земјоделскиот сектор.“, стои во објавата на министерот Николовски.

