Заедно со министерот Николовски, директорот Шапуриќ и државниот советник Димковски во склоп на нашите редовни теренски активности ги посетивме земјоделците од радовишко и струмичко.
Ваквите средби се покажуваат како добра пракса и можност да ги презентираме плановите, политиките и активностите на институциите, но и одблиску да се запознаеме со состојбите во аграрот, видувањата на откупувачите и производителите и нивните предлози и очекувања.
Времињата пред нас се предизвикувачки, особено во услови на војна на европско тло. Затоа, партнерскиот однос на ниво институции – земјоделци е клучно да се негува за сите заедно со севкупен придонес да ги минимизираме последиците врз секторот.
Фејсбук-статус на Никица Бачовски, директорот на Платежна агенција

