Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: 9 градинарски работи кои мора да ги направите во март
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > 9 градинарски работи кои мора да ги направите во март
Совети

9 градинарски работи кои мора да ги направите во март

Објавено 02/03/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Март е месец на надежта, бидејќи пролетта е зад аголот. Март е месец на првите градинарски работи. Добрата подготовка е исто толку важна како и сеењето, бербата… Еве што треба да направите во март ако имате градина или двор:

  1. Купете го семето кое ви е потребно за градината, дворот, жардиниерите. Најголем дел од цвеќињата што никнуваат од семе се сеат во првата половина на март.
  2. Ако веќе не сте го направиле тоа во февруари, март е месецот кога семето за домати, пиперки, цвеќе, се сее во чаши за садници и се чуваат внатре во куќата.
  3. Ископајте ги леите во градината, отстранете го плевелот, израмнете ја земјата и оставете ја да „се размрзне“ од мартовскиот мраз.
  4. Искројте ги розите, ископајте ја земјата околу нив, наѓубрете ги и посипете ги со мулч.
  5. Посипете ја градината со ѓубриво (по можност органско, но и вештачкото ѓубриво не е лоша идеја).
  6. Ако имате засадено аспарагус во градината, сега е време да ги соберете паднатите лисја и да ја отстраните тревата со рацете. Наѓубрете го аспарагусот и добро наводнете го.
  7. Засадете нови овошни садници, при тоа внимавајќи да не бидат густо засадени.
  8. Овошјето искројте го пред раздвижување на вегетацијата, прскајте со бакарни препарати и минерално масло.
  9. Сега е добро време да започнете со правење компост. Компостирањето е совршен начин за рециклирање на вашиот растителен отпад, како и одредено ѓубре од куќата. За возврат го добивате идеалното ѓубриво.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:градинамотика
Претходен напис Растат цените на ѓубривата ширум светот
Следен напис Куркума – имуно бомба со која треба да се дочека пролетта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?