„Работниот четврток го започнувам во пријатен разговор со декани на дел од факултетите во нашата држава, проф. д-р Златко Србиновски, проф. д-р Лазо Пендовски, проф. д-р Кирил Сотировски, и проф. д-р Вјекослав Танасковиќ.
Разговараме за можноста за ангажирање на апсолвенти или студенти во рамките на МЗШВ, и Управите во состав. Младите се главниот двигател и коректив во нашето општество, и нивното место е токму каде се носат клучните процеси.
Нивната вклученост, иновативност, нивните предлози и идеи би допринеле во креирањето и планирањето на мерки и политики од исклучителна важност за сите.
Со ова ја зајакнуваме соработката помеѓу министерството и факултетите, овозможуваме можност за стипендирање на студентите во сите области, и ги вклучуваме факултетите во изработка на програми и закони.“
Фејсбук-статус на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.
