Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“
Агровести

Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“

Објавено 08/02/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски соопшти дека годинава ќе се зголеми кофинансирањето на трошоците за „зелена нафта”.

Како што рече Николовски на прес-конференција, ваквата одлука е донесена по согледувањето дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури е зголемена за 13 отсто.

Ако лани трошоците за нафта за пченицата биле субвенционирани со 1.250 денари по хектар, земјоделците годинава, напомена министерот, ќе добијат 1.413 денари по хектар поради зголемената цена на нафтата и ревидирањето на методологијата за пресметка на висината на трошоците.

– Следејќи ги движењата на цените на нафтата, согледавме дека трошоците за нафта кај сите земјоделски култури се зголемени за 13 отсто. Затоа, со цел да ги анулираме зголемените трошоци за нафта, го зголемуваме износот за кофинансирање по хектар за субвенции за „зелена нафта”, рече Николовски.

Според него, и покрај порастот на цената на нафтата, кофинансирањето за „зелена нафта” останува 50 отсто, но ќе биде за 13 отсто зголемено, а со измени на Законот за земјоделство и рурален развој кои ќе бидат предложенени до Парламентот, ќе се овозможи и зголемување на кофинансирањето до 100 проценти.

Николовски потсети дека оваа Влада ја донесе оваа мерка прв пат и секоја година дополнителни пет милиони евра по оваа основа одат кај земјоделците.

Може да ви се допадне

Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
Таг:зелена нафта
Претходен напис Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство
Следен напис Министерот Николовски најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони: Нема веќе време за чекање за вистинска реформа во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?