Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство
Агровести

Оризопроизводителите го блокираа магистралниот пат А3, бараат средба со министерот за земјоделство

Објавено 08/02/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на ориз од кочанскиот регион денеска со земјоделска механизација ја блокираа едната коловозна лента на магистралниот пат А3 во селото Облешево, изразувајќи незадоволство од ниските откупни цени на арпата и белиот ориз, како и од драстично зголемените трошоци за ѓубрива, заштитни препарати и други давачки.

На протестот нагласија дека веќе трет пат за половина година излегуваат на улица со своите барања и очекуваат средба со министерот за земјоделство, за да укажат на безизлезната состојба во која се наоѓаат. Се заканија со радикализирање на протестот, односно со проширување на блокадата.

-Денес имаме нова ситуација во оризопроизводството – зголемени цени за репроматеријалите, а откупната цена на арпата е непроменета, па дури и се намалува. Бараме со финансиската поддршка од три денари за килограм арпа, обезбедена од КОВИД мерките, да бидат опфатени сите оризопроизводители, наместо само некои, а рокот да биде продолжен до септември оваа година. Останатите субвенции да бидат исплатени до крајот на февруари и да се зголеми поддршката за „зелена нафта“. Исто така, бараме да се реорганизира акционерското друштво за водостопанство, односно да се врати како порано, на ниво на општина и водни заедници, кога самите земјоделци можеа да се организираат околу наводнувањето на површините. Ако не се сретнеме со министерот или со премиерот, ќе ги блокираме и двете коловозни ленти на магистралниот пат, истакна Тони Максимов, земјоделец од Облешево.

Земјоделците се пожалија дека сè уште не се исплатени субвенциите за минатата година, а поддршката со ковид мерките ја добиле само 15 отсто од оние кои успеале да ја продадат арпата.

-Бараме минималната откупна цена на арпата да биде 40 денари за килограм, што е економски оправдана и логична, иако и со неа нема да живееме, туку ќе преживуваме. Не бараме ништо повеќе од тоа што го работиме да ни биде платено, да можеме да ги покриваме сите наши потреби. Минатата година една вреќа вештачко ѓубриво чинеше 650 денари, а сега е 1.650 денари, се прашувам како ние со вакви трошоци да излеземе на крај. Ќе чекаме од министерството или Владата некој да дојде, за да не бидеме принудени целосно да го блокираме патот, истакна Здравко Арсов, земјоделец од Облешево.

Поддршка на оризопроизводителите им даде и здружението „Тиквешки лозар“ од Кавадарци, како и тутунарите од регионот, чии претставници присуствуваат на денешниот протест во Облешево.



МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:облешевопблешевопротест
Претходен напис Колку светлина им е потребна на кравите за подобра продуктивност?
Следен напис Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?