Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони: Нема веќе време за чекање за вистинска реформа во земјоделството
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Министерот Николовски најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони: Нема веќе време за чекање за вистинска реформа во земјоделството
Агровести

Министерот Николовски најави зголемени субвенции, авансна исплата и три нови закони: Нема веќе време за чекање за вистинска реформа во земјоделството

Објавено 08/02/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дополнителна субвенција за млеко по квалитет, зголемена поддршка за говедата, авансна и линеарна субвенција во овоштарството (исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата) и донесување три нови закони за усогласување на европските земјоделски политики – Закон за директни плаќања, Закон за руралниот развој и Закон за уредување на пазарите, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Министерот соопшти дека Владата на седница ја усвои Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за оваа 2022 година. Објаснувајќи ги детално предвидените новини во Програмата, министерот напомена дека годинава ќе се анализира и ефектот од субвенциите, од што треба да произлезат податоците за креирање на натамошните земјоделски политики. Се планираат и мерки, рече, за елиминирање на манипулациите од страна трговците, како и од „ловците на субвенции“.

– Нема повеќе време за чекање за вистинска реформа во земјдоелството. Од оваа година се усогласуваме со европската регулатива, воведуваме европски мерки и не бегаме од одговорност, туку се зафаќаме со решавање на проблемите. Правиме херојски и напредни чекори во политиките, но и во поддршката која мора да биде праведна. Ова се први директни реформи во директните плаќања. Нема повеќе време за чекање за вистинска реформа во земјдоелството – подвлече Николовски.

Според него, првпат се врши усогласување со ЕУ политиките преку воведување пилот мерка во овоштарството за линеарна субвенција. Ваква мерка догодина ќе биде воведена и за останатите мерки по површина – за поледелство, градинарство и лозарство.

-Оваа мерка е по основ на европската мерка „decoupling“, која подразбира линеарна исплата за обработлива земјоделска површина независно од културата. Новитет е што исплатата за оваа мерка ќе се врши во тековната година, во периодот од септември 2022 година до декември. Сите овоштари ќе добијат авансно 12.000 денари од вкупната сума колку што изнесува основната субвенција во тековната година, односно кога им се најпотребни во ек на берба, а остатокот од основната субвенција ќе се исплати следната година како и досега. Ако за еден хектар јаболков насад вкупната поддршка е 50.000 денари, 12.000 денари ќе му бидат исплатени авансно во тековната година, а остатокот од 38.000 денари ќе се исплатат до мај следната година како и досега. Практично, со овој модел овоштарите ќе имаат две исплати – објасни министерот.

За успешна реализација на овие мерки, додаде, ќе се измени Законот за земјоделство и рурален развој.

Практично, ќе и се овозможи на Платежната агенција да врши 30 отсто авансна исплата, пред завршувањето на административните контроли и контролите на терен.

Во врска со новиот закон за директни плаќања, Николовски истакна дека ќе бидат пропишани условите за финансиска поддршка според европската легислатива, како и сите планирани нови мерки кои се пропишани во заедничката земјоделска политика на ЕУ за периодот 2021-2027: неповрзани плаќања „decoupling“, воведување на мерката „redistributive payment“ т.е дополнителни плаќања на основните субвенции за големина на земјоделско стопанство, плаќања за млади фармери, воведување на мерката за еко шеми.

Според Николовски, во новиот закон за рурален развој се става акцент на развојот на селата и земјоделските стопанства преку инвестициски мерки за поддршка на селата во неразвиените подрачја, автохтоните и загрозените раси. Прв пат, потенцира министерот, ќе се донесе и закон за уредување на пазарите со кој се утврдуваат пазарните политики, а се отвора и можност за формирање асоцијации на производители, како и за воведување на мерката за школски шеми и за исплата на млеко по квалитет.

-Прв пат се воведува дополнителна субвенција за млеко по квалитет. Ако досега производителите на кравјо млеко кои произведуваа млеко со екстра класа добиваа поддршка од 3,5 денари по литар, од сега ќе добиваат 4,5 денари по литар. Поддршката за овчо и козјо млеко се зголемува од 4,5 денари по литар на 5,5 денари за литар. На овој начин ги стимулираме производителите на млеко да произведуваат квалитетно млеко, што ќе влијае на зголемување на откупната цена на млекото, но и на вкупната млечна индустрија, нагласи министерот.

Ќе се зголеми, рече министерот Николовски, и поддршката за грло говеда од 2.800 на 3.100 денари по грло.

-Воведуваме мерки со кои се спречува злоупотреба на субвенциите, нешто што беше воочено како слаба точка, а целта е субвенциите да завршуваат кај вистинските земјоделци. Во тој конетекст, од оваа година како редовна мерка се воведува субвенцијата за дополнителна мерка за заклано женско јагне во регистриран кланичен капацитет во период од 1 јануари 2022 до 31 мај 2022, во износ од 400 денари по женско јагне. Со воведувањето на оваа мерка ќе се зголемат контролите во овчарството преку дополнителни проверки на бројот на заклани јагниња во однос на бројот на пријавени грла овци. Со цел да се избегнат манипулации од страна на трговците и „ловците на субвенции“, кај дополнителната мерка за заклани грла говеда се воведува задолжителен период на чување на животните на одгледувалиштето од три месеци пред истите да се предадат во регистриран кланичен капацитет – информираше министерот.

Дополнително, рече, се зајакнува и контролата од страна на Агенцијата за ветеринарство и храна, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој и Државниот земјоделски инспекторат, на ветеринарните друштва, со цел спречување злоупотреби при пребројувањето на грло добиток и исплата на субвенции во овчарството и пчеларството.

-Би сакал да потенцирам дека и годинава продолжува поддршката за сите стратешки култури како тутунот, грозјето, пченицата,… Висината на субвенциите и начинот на распределба по сектори е изготвен така што ќе ја вратат развојната компонента на директните плаќања, што ќе придонесе за зголемување на производството, обработливите површини, бројот на добиток и доходот на земјоделците, заклучи Николовски.

Може да ви се допадне

Минималните трошоци во јули 68.498 денари, намалени за 156 денари
Нивото на Дунав во Романија најниско во последните 30 години, нарушен бродскиот сообраќај и земјоделството
Трет третман на терестичка дезинсекција на територија на Општина Куманово
Се чекаат резултатите за заболените во Гостивар, на повеќе места низ градот се дели пакувана вода за пиење
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на претседателката на Индија
Таг:Николовски
Претходен напис Николовски: Се зголемува кофинансирањето за „зелена нафта“
Следен напис Повисоки субвенции добиваат одгледувачите на кози, пчеларите, а ќе се субвенционира и руколата – Што друго предвидува Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2022?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?