Желбата за формирање метод на производство способен да генерира здрава храна, лимитирајќи ги штетните ефекти врз екосистемот, довело до создавање на концептот за органско земјоделство.
Штом слушнеме органско земјоделие веднаш помислуваме на земјоделско производство без употреба на пестициди и минерални ѓубрива добиени по хемиски пат. Краток и концизен опис на „органското земјоделско производство“, но се испушта да се нагласи главната карактеристика.
„Органското земјоделство ја следи логиката на живиот организам во кој сите елементи (почва, растенија, животни, инсекти, фармер, итн.) се тесно поврзани еден со друг.“ Органското земјоделство е многу повеќе од неупотреба на пестициди и минерални ѓубрива. Органските фарми се карактеризираат со заокружен производствен циклус. Тоа е затворен круг каде имаме најразлично производство, почнувајќи од поледелско, фуражно производство, сточарско, овоштарство, градинарство и преработки на овие производи.
Покрај производството на здрава храна, важна цел во органското земјоделство е и:
• зачувување на природните ресурси;
• одржување на плодноста на почвата;
• чиста вода; и
• богата биолошка разновидност (биодиверзитет).
Група економисти собрани во светската комисија за животна средина и развој, во светската економија го вовела поимот одржлив развој. Овој нов концепт за развој на општеството е воведен поради потребата да се преиспита досегашниот концепт на развој (посебно во високо развиените земји), кој се базира на постојано зголемување на стапката на растот и профитот. Растот без граници се покажал многу неповолен за планетата Земја во целина, па и за човековото општество. Последиците се катастрофални, посебно поради необновливите природни богатства, какви што се земјиштето, водата и воздухот. Ние ја исцрпуваме планетата Земја, до толкава мера, што не би останало ништо за идните поколенија.
Одржливиот развој е нова општоприфатена концепција за развој на општеството без раст.
Одржливост значи живот, во услови на разумен комфор во рамки на природните граници, односно да се живее со природата не оставајќи зад себе големи траги. Органското земјоделство самото по себе е одржливо. Одржливоста се базира врз еколошкиот, економскиот и социјалниот аспект.
Еколошка одржливост
• обновување на хранливите елементи, наместо внесување нови;
• никакво хемиско загадување на почвите и водите;
• да се подобри биолошкиот диверзитет;
• подобрување на плодноста на почвата и градење на хумус;
• заштита на почвата од ерозија и набивање; и
• употреба на обновлива енергија.
Социјална издржливост
• сигурна исхрана на семејството со здрава храна;
• добри работни услови, како за мажот така и за жената; и
• градењето и зачувувањето на локалното знаење и традиција.
Економска издржливост
• производство според пазарните побарувања;
• ниски трошоци за надворешните инпути и инвестиции; и
• голема ефикасност при подобрување на конкурентноста.
Извор: agencija.gov.mk
Одржливо органско земјоделско производство, чекор кон зачувувањето на здравјето и животната средина
Остави коментар
Остави коментар
