Пред три години во соседна Србија беше смислен модел на позајмици за малите земјоделци, кој се потврди и во пракса, а мрежата на такви фондови се проширува.
Проектот за финансирање на малите земјоделци по принцип на позајмица прво започна „срамежливо“ со општина Чајетина и скромен фонд од четири милиони динари, но подоцна почна да се проширува. Меѓу општините што се приклучија кон проектот е и општината Димитровград, која е во четвртата категорија на развиеност и голем број фарми се занимаваат со сточарство и производство на млеко.
Помошникот на градоначалникот на Димитровград, Драган Манчев, вели дека ова е уште еден фонд кој ќе помогне за полесен, подобар и побрз развој на нивните земјоделски фарми и подобрување на производството, а особено подобрување на квалитетот на производството.
Стојан Раичевиќ од Фондот за развој на земјоделството во општина Брус, која е препознатлива по овоштарството и сточарството, а во последните години сѐ поголем број домаќинства се префрлаат на зеленчук, наведува дека тоа е карактеристично подрачје со големо осцилирање на надморската височина со мали површини по фарма и дека им се потребни средства кои се прилагодуваат на таквите фарми.
Кои се условите за добивање позајмица?
Услов некој да аплицира е да има регистрирана фарма. Една третина од заемот корисникот ја добива неповратно. Останатиот износ се враќа, и тоа 10 отсто првата година и 30 отсто во следните две, без камата. Нема ограничување колку пати некој може да аплицира.
Владимир Бабиќ, претседателот на општина Пријепоље, забележува дека во втората година, со повторување на средствата, фондот расте. Фондот би требало тројно да се зголеми, објаснува Бабиќ.
Ненад Стаменковиќ, градски советник за земјоделство во Врање, вели дека покрај мерките и потребите што ги имаат земјоделските производители, дошле на идеја да воведат и нова мерка: селски рурален туризам.
Користењето на средствата од овој фонд не ги ограничува земјоделците да аплицираат и за други стимулативни фондови.
Извор: rts.rs
