Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: „Тајм аут“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > „Тајм аут“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа
Агровести

„Тајм аут“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Објавено 04/09/2026
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Охридското Езеро е прогласено за најубаво место во Европа во изборот на магазинот „Тајм аут“ оставајќи зад себе низа познати туристички дестинации од континентот, меѓу кои Сатурнија во Италија, Алберобело во регионот Пуља и норвешките фјордови. 

Во годишниот избор на најубави европски локации магазинот не се водел според популарноста на дестинациите, туку според личните препораки на својата мрежа од уредници и патописци, кои ги издвоиле местата што оставиле најсилен впечаток за време на нивните патувања во Европа. 

„Тајм аут“ го опишува Охридското Езеро како една од најпотценетите европски дестинации и како помирна и подостапна алтернатива на езерото Комо во Италија, кое е познато по луксузните вили, славните посетители и големиот број туристи. Според магазинот, Охрид нуди еднакво впечатливи природни пејзажи, но без метежот и високите цени карактеристични за некои од најпознатите европски езерски центри.

Во образложението за првото место се наведува дека Охридското Езеро, кое се протега меѓу Северна Македонија и Албанија, е едно од најстарите и најдлабоки природни езера во Европа. Кристално чистата вода, планинските масиви што го опкружуваат и крајбрежјето со историски населби создаваат пејзаж што може да се мери со најпознатите европски езерски дестинации. 

Особено внимание авторите посветуваат на Охрид, кој го нарекуваат вистинска ѕвезда на македонската страна од езерото. Градот, според нив, плени со калдрмисаните улички, богатото културно наследство и многуте средновековни цркви. Во текстот се споменува и легендата дека некогаш во Охрид имало 365 цркви, по една за секој ден од годината.

Меѓу највпечатливите глетки е издвоена црквата „Свети Јован Канео“, сместена над езерскиот брег, од каде што се отвора панорамски поглед кон сините води на Охридското Езеро. „Тајм аут“ оценува дека станува збор за навистина спектакуларна сцена и им препорачува на посетителите локацијата да ја посетат во раните утрински часови кога владее мирна атмосфера и има помалку посетители.

Магазинот наведува дека туристите во Охрид може да го поминат денот капејќи се во езерото и разгледувајќи археолошки локалитети, а вечерите да ги минуваат уживајќи во зајдисонцето зад околните планини. Сето тоа, според авторите, е достапно по значително попристапни цени во споредба со одмор на езерото Комо.

Во текстот е посочена и албанската страна на езерото, која нуди поинакво искуство со помирни села и природни предели. Посебно е издвоено селото Лин, познато по мозаичните остатоци и камповите покрај брегот. 

На листата на десетте најубави места во Европа за 2026 година се најдоа и Почитељ во Босна и Херцеговина, Кралската ботаничка градина во Лондон, каналот Принсенграхт во Амстердам, долината Мозел во Германија и „Каса Батљо“ во Барселона, но првото место му припадна на Охридското Езеро како дестинација што нуди спој на природни убавини, културно наследство и автентично туристичко доживување. 

МИА

Може да ви се допадне

„Органска трпеза 2026“ и „Агромак 2026“ ќе се одржат од 2 до 4 октомври годинава
Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Таг:ЕвропаместоОхридското ЕзероТајм аут
Претходен напис Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Следен напис „Органска трпеза 2026“ и „Агромак 2026“ ќе се одржат од 2 до 4 октомври годинава
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?