Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор
Агровести

Божиновска: Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор

Објавено 04/09/2026
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Од денеска и Македонија ќе биде дел од Вертикалниот гасен коридор, заедно со Грција, Србија, Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, Молдавија и Украина, изјави министерката за енергетика Сања Божиновска пред обраќањето на 6. Метрополитен саем што се одржува во Солун.

Како што рече Божиновска, интензивно се работи на интерконекторот со Грција и на поврзувањето со Србија.

–Денеска ќе учествувам на два значајни настани. Едниот е 6-тиот “Thessaloniki Metropolitan Summit”, а другиот е јубилејниот 10. Енергетски форум на Југоисточна Европа. Ова е многу значајно бидејќи денеска ќе потпишеме и Меморандум за разбирање, што значи дека конечно нема да бидеме изоставени од енергетската мапа и ние ќе бидеме приклучени кон Вертикалниот коридор. Што значи тоа? Досега тоа беше предвидено да биде од Грција преку Бугарија, Романија, Унгарија, Словачка, сè до Молдавија и Украина, а од денеска ние и Република Србија ќе бидеме исто така вклучени во овој енергетски проект. Интензивно работиме на интерконекторот со Грција, секако и со поврзувањето на интерконекторот со Србија, што значи крајот на следната година, ние би требало да сме подготвени за да може низ земјава да има транзит на гас и секако, зголемени количини и да немаме само едно спојување. Тоа значи дека ќе имаме и втора граница каде што ќе може да се снабдуваме со LNG, потенцира министерката.

Според неа, тоа значи дека земјата ќе има алтернативно снабдување.

-Ако досега имавме само едно спојување со Република Бугарија и тие капацитети се долгорочно закупени од Газпром, повеќе од околу 85 проценти, тоа значи дека сега ќе имаме втора можност – да се споиме со Александруполи и Ревитуса, и ние да бидеме исто така центар кој ќе ја снабдува и Југоисточна Европа со гас, порача Божиновска. 

МИА

Може да ви се допадне

Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Почна стопанско-туристичката и културна манифестација „Тиквешки гроздобер“
Распоред за јавно отворање на понудите по јавните повици за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост
(ВИДЕО) Гром усмрти 107 овци на сточарот Тасин Усеинов од Чашка
Таг:БожиновскаВертикалниот гасен коридорМакедонија
Претходен напис Хеликоптери и „ер трактори“ даваат воздушна поддршка на пожарникарите во гаснење на пожарот кај село Грачани
Следен напис Заврши жетвата на пченицата и јачменот во битолскиот дел на Пелагонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?