Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Дводневната симулациска вежба за справување со африканска свинска чума
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Дводневната симулациска вежба за справување со африканска свинска чума
Сточарско производство

Дводневната симулациска вежба за справување со африканска свинска чума

Објавено 28/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Планот за итни мерки на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) за справување со болеста африканска свинска чума, обезбедува висок степен на заштита и спречување на ширење на болеста, заклучија денес експертите на Организацијата за земјоделство и храна на Обединетите нации (ФАО), по завршувањето на дводневната симулациска вежба што се одржа во Беровско, а на која се проверуваше функционалноста на Планот и координираноста на институциите и протокот на информации за да се одговори брзо и правилно при евентуална појава на болеста.

– Официјални ветеринари од Агенцијата за храна и ветеринарство, претставници од Факултетот за ветеринарна медицина и од ветеринарните друштва, со помош на експертите од ФАО спроведоа вежби во индивидуално одгледувалиште во село Русиново, во комерцијална фарма во село Умлена и во ловиште. Како дел од вежбата формиран беше и Локален центар за контрола на болеста, како тело кое раководи со спроведувањето на плановите за итни мерки, и постапува во услови на итна кризна или вонредна состојба кога е загрозено здравјето и благосостојбата на животните на локално ниво. Негова функција е и воспоставување на ефикасна комуникација со Националниот центар за контрола на болести во услови на потврда на присуство на болест, се наведува во соопштението на АХВ.

Агенцијата посочува дека учесниците во вежбата поделени во четири тимови, во изминативе два дена, практично ги спроведувале чекорите кои се преземаат при појава на сомнеж и при потврда на присуство на болеста африканска свинска чума.

– Беа вежбани начините на влез во сомнително одгледувалиште, клинички и патолошки преглед на свињи и препознавање на симптомите, земање на примероци за лабораториско испитување, биосигурносни мерки кои се спроведуваат во одгледувалиштата и ловиштата и начинот на постапување по лабораториско потврдување на присуство на болеста. Во рамки на вежбата практично беа објаснети и процедурите за убивање на животните и нивно нештетно отстранување, за чистење и дезинфекција, како и планот за искоренување на болеста кај дивите свињи, се додава во соопштението.

Експертските тимови акцент ставиле и на комуникацијата со Локалниот центар за контрола на болести, кој за потребите на симулациската вежба бил позициониран во Берово.

– Симулациската (практична) вежба, се реализира како планирана активност на АХВ во соработка со проектот „Африканска чума кај свињите – подготвеност и брзо постапување”, како дел од активностите на ФАО за помош на земјите од Балканот за зајакнување на национлните капацитети со цел соодветно да одговорат на можна појава на болеста африканска свинска чума, се наведува во соопштението на Агенција за храна и ветеринарство.

Може да ви се допадне

Дурмиши: Цените се стабилни, ако кризата продолжи и има енормно зголемување, ќе преземеме мерки
Новиот европски план за ѓубрива: Поголема поддршка за земјоделците и развој на биолошки ѓубрива
Мерки за закрепнување на лозјата по период на доцни пролетни мразеви
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Мицкоски: Според применетите мерки, како држава сме во првите три во Европа, тоа го потврди и ММФ
Таг:вежбазаштитамеркисвинска чума
Претходен напис Пролетната зелка во Струмичко ќе стаса порано за берба од лани
Следен напис (ВИДЕО) Керов: Започна пријавувањето за дополнителните 2 денари за грозјето, апел до винарниците итно да им издадат потврди на лозарите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?