Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нивото на Осломејско Езеро порасна за еден метар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Нивото на Осломејско Езеро порасна за еден метар
Шумарство и водостопанство

Нивото на Осломејско Езеро порасна за еден метар

Објавено 04/01/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Поволната хидролошка состојба проследена со врнежи од дожд и снег последниве триесетина дена, придонесоа нивото на Осломејско Езеро да порасне за еден метар и да дојде до максималната кота пред излевање.

Зголеменото ниво на езерото може и визуелно да се забележи ако се земе предвид водостојот на езерото во месеците септември и октомври, потврди претседателот на риболовното друштво Хантер Фиш, Бесмир Елези.

– За разлика од претходните неколку години кога имавме неповолна хидролошка состојба, годинава интензивните врнежи од дожд во ноември и снежните врнежи во декември, придонесоа нивото на Осломејско Езеро да порасне за еден метар и после подолг период да ја достигне максималната кота – рече Елези и посочи дека зголемениот водостој нема позначајно да се одрази врз рибниот фонд во езерото.

-Зголемениот водостој нема позначајно да се одрази врз рибниот фонд во езерото, бидејќи во текот на зимата рибата се спушта на дното на езерото а тоа значи дека порастот на водата нема да биде решавачки фактор за рибниот фонд во оваа акумулација-посочи Елези и нагласи дека поради добрата штедрост на езерските подземни извори како и површинските води, езерото почна да се прелева во река Темница.

– Поради големиот прилив на површински води како и богатата штедрост на подземните извори на Осломејско Езеро, доаѓа до прелевање на површинските води од езерото во река Темница и ако и понатаму имаме врнежи од дожд и снег и зголемување на езерското ниво, тоа ќе предизвика поголемо количество на вода од езерото да се излева во реката и тоа ќе се случува се до моментот додека приливот на вода е поголем од самиот одлив-додава претседателот и посочи дека кон крајот на минатата календарска година беше извршено и последното порибување на Осломејско Езеро со крупни примероци од крап со вкупна тежина од 300 килограми.

МИА

Може да ви се допадне

(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Хидросистемот Ѓавато се санира, во најскоро време ќе биде функционален
ЗК Пелагонија покажува како се работи конкурентно земјоделство: Иновација за прецизно наводнување во големи размери
„СТРЕЖЕВО“ почна со полнење на цевководите за наводнување
Нов проект поддржан од Зелениот климатски фонд започнува во Македонија!
Таг:осломејско езеро
Претходен напис Во Дојран ќе се догради пешачката патека до граничниот премин
Следен напис Во Струмичко зелката се откупува по 13 денари за килограм, трговците имаат проблем со извозот во Србија, им бараат дополнителни сертификати
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?