Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Во Струмичко зелката се откупува по 13 денари за килограм, трговците имаат проблем со извозот во Србија, им бараат дополнителни сертификати
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Во Струмичко зелката се откупува по 13 денари за килограм, трговците имаат проблем со извозот во Србија, им бараат дополнителни сертификати
Пазари

Во Струмичко зелката се откупува по 13 денари за килограм, трговците имаат проблем со извозот во Србија, им бараат дополнителни сертификати

Објавено 04/01/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во неколку откупни центри во Струмица, денеска се врши откуп на зимска зелка по 13 денари за килограм. -Годинава зелката е со добар квалитет и има поголеми површини засадени со оваа култура од страна на земјоделците. Имаме обезбедено пазар во Романија и Србија, така што очекуваме дека сезоната ќе биде задоволителна – велат откупувачите.

Освен зелка, за извоз во Романија спремни се и палетите со ресенски јаболка ајдаред по цена од минимални 7 денари за килограм, што е ниска цена за земјоделците но според трговците пазарот со јаболка е заситен со ефтини и квалитетни полски јаболка и од други земји каде што годината беше добра за ова производство. Едноставно нашите јаболка не се конкурентни на пазарите. Не станува збор само за соратата ајдаред туку и за другите повисоки сорти кои, за жал годинава и тие имаат ниска цена од 12 до 13 денари за килограм.

Откупот на зимската зелка е при крај. Се откупува по цена од 13 до 15 денари. Откупувачите велат дека таа варираи зависи од побарувачката на странските пазари каде што се намалува во моментов побарувачката. Откупот на пролетната зелка пак, се одвива по цена од 22 до 25 денари за килограм – изјави за Агротим, директорот на ДИЗ, Зоран Шапуриќ.

Уште еден проблем за кои јавуваат трговците е новината од страна на Србија која за увоз на македонската зелка им бараат дополнителни сертификати за пестициди и метали. На трговците очигледно ќе им треба дополнителна поддршка од ресорното министерство околу овие нови моменти од страна на Србија, според кажувањата на трговците.

Кога станува збор за пласманот на земјоделските производи, состојбата не е сменета со години. Сеуште е тој стихиен, неорганизиран, земјоделците не се здружени а трговците немаат обезбедено сигурни договори со странски купувачи за да може однапред да се планира производството со земјоделците.

Кооперантските односи, договорното производство остануваат единствено решение на состојбата со пласманот на земјоделските производи. Се додека не се регулира тој начин на соработка меѓу земјоделските производители и откупувачите, односно трговците, се до тогаш ќе постои несигурност за двете страни.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Откупени над 60 милиони килограми пролетна зелка, скоро 9 милиони килограми повеќе во споредба со лани
Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
Иротова: Се обработуваат барањата за исплата на субвенциите за тутунарите, предност се дава на тие што предале до 2 тона тутун
Во тек е откупот на зелката, земјоделците се задоволни од моменталната откупна цена од 35 ден/кг
Во тек откупот на македонското јагне, откупната цена се движи од 260 до 280 денари
Таг:аграр компанизимскајаболкаоткуп
Претходен напис Нивото на Осломејско Езеро порасна за еден метар
Следен напис Најстудено утрово во Скопје-Петровец, Тетово, Берово и Куманово
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?