Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Младиот Ајхан од Тополница не се откажува од сточарството: „Во Европската Унија е модерно да си фармер, кај нас на оваа гранка сѐ уште се гледа како со потценување“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Младиот Ајхан од Тополница не се откажува од сточарството: „Во Европската Унија е модерно да си фармер, кај нас на оваа гранка сѐ уште се гледа како со потценување“
Магазин

Младиот Ајхан од Тополница не се откажува од сточарството: „Во Европската Унија е модерно да си фармер, кај нас на оваа гранка сѐ уште се гледа како со потценување“

Објавено 23/01/2023
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ајхан Јашаров од Тополница, Радовиш има 23 години и е студент на земјоделски факултет „Гоце Делчев-Штип“. Како и кај повеќето негови колеги фармери и кај него сточарството е фамилијарен бизнис. Неговото семејство одгледува околу 500 овци и 50-ина кози.

Ајхан смета дека во однос со ситуацијата со сточарството во Македонија, потребно е некои работи да се сменат.

„Лично мислам дека сѐ уште има потреба многу работи да се сменат во сточарството. Модернизирање, следење на новите техники во ова производство. Ние сме млади и следиме интернет, образовани сме и знаеме како е да се биде фармер во развиените земји. Во Европската Унија е модерно да си фармер, кај нас на оваа гранка се гледа сѐ уште како со потценување. Тоа треба да го менуваме сите заедно, а најважно е да имаме поддршка од државата и сигурен пласман да имаме за сточарите, бидејќи така можеме да напредуваме.“

Тој смета дека е тешко да се напредува како индивидуалец и дека е потребно здружување, како во сите области на земјоделството, така и во сточарството. Член е на„Млад сточар“, земјоделско здружение кое со задоволство го промовираме и ги мотивираме младите да се занимаваат со оваа благородна гранка како што е земјоделското производство.

„Очигледно е дека јачината е во мнозинството. Бидејќи како здружение можеме да смениме и да подобруваме повеќе работи. Здружението „Млад сточар“ според мене е еден вид поддршка за младите сточари, затоа мислам дека имаме исти интереси. Да се подобруваат условите и да продолжуваме да одгледуваме овци. Верувам дека преку здружението „Млад сточар“ ќе биде погласен гласот на младите сточари. Како најважна придобивка од здружението можеби ќе биде проширување на пазарот и размена на информации со другите млади сточари“, ни рече Ајхан.

Ајхан користи субвенции и е задоволен од продажбата на млекото и јагнињата, иако смета дека цените треба да бидат повисоки.

„Моменталната состојба на цените не е многу задоволителна, бидејќи од ден на ден поскапуваат цените за исхрана на добитокот, а цените на млекото и јагнето остануваат исти. Нашите производи, со зголемени производни трошоци не се конкурентни“.

И на крајот пораката на Ајхан не се разликува од онаа на сите во здружението, а тоа е повик до сите млади луѓе кои сакаат да се занимаваат со сточарство да се охрабрат и да им се придружат.

„На сите млади луѓе коишто се занимаваат или сакаат да се занимаваат со сточарство, им порачувам да не се откажуваат од сточарството, бидејќи како држава имаме потреба од повеќе млади сточари“., вели младиот Ајхан.

Може да ви се допадне

Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Рижото со печурки
Овошен компот
Чоколаден колач со вишни
Таг:ајхан јашаровмлад сточар
Претходен напис Ампелотехнички мерки кај трпезни сорти грозје
Следен напис Ковачевски: Македонија ја направивме земја лидер по искористеност на средствата од ИПАРД Програмата, зголемување од 62% на ИПАРД 3
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?