Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се намалуваат светските залихи на овошје во ладилници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се намалуваат светските залихи на овошје во ладилници
Агровести

Се намалуваат светските залихи на овошје во ладилници

Објавено 14/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Залихите на замрзнато јагодесто овошје во ладилниците се намалуваат од месец во месец, а најновиот извештај покажува дека овој дефицит во однос на минатата година е забележлив кај сите овошни видови.

Според последниот извештај на американското Министерство за земјоделство, залихите на овошје во магацините, во октомври годинава се помали за 11 отсто во однос на септември. Освен кај јаболката, чии количества се поголеми за шест проценти и концентратот од вишни за шест проценти, значително намалување е забележано кај останатите овошја.

Залихите на малини, кои минатата сезона достигнаа рекордна цена, паднаа за цели 11 проценти.

Ако се спореди состојбата на пазарот со претходната година, резултатите се уште понеповолни. Националната земјоделска статистичка служба соопшти дека е забележливо дека во октомври минатата година во ладилниците имало значително повеќе овошје отколку сега. На пример, тогаш залихите на јаболка во американските магацини беа 29 проценти, капини за 28 проценти, боровинки за 11 проценти и цреши без семки за 23 проценти. Малините исто така беа за 24 отсто повисоки отколку во октомври 2021 година.

Извештаите од меѓународните пазари укажуваат дека трговијата со јагодесто овошје бележи огромен пораст во последните неколку години. Според експертите, има повеќе причини за тоа, а пред сѐ можноста за одгледување во различни области, што овозможува тоа овошје да биде достапно на најзначајните пазари во Европа и Америка во текот на целата година. Истовремено расте и свеста на потрошувачите за здравствената вредност од користењето свежо и преработено овошје, особено малини и боровинки.

Зголемувањето на потрошувачката на јагодесто овошје по глава на жител е најголемо во најразвиените земји од Европската Унија, во Америка, а во последно време и во Азија. Ова е особено видливо за време на пандемијата бидејќи е докажано, а сè поголем број научни резултати го потврдуваат благотворното дејство на консумирањето, особено на малините, боровинките и другите бобинки, врз воспалителните процеси во човечкото тело, намалување на температурата и другите негативни ефекти од болести.

Може да ви се допадне

Без струја делови од Бутел
На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата
Денеска се празнуваат светиот цар Константин и светата царица Елена
Повик за пријавување на штети на земјоделски насади од природна  непогода – голомразица на територијата на Општина Ресен
Индустриското производство во април зголемено за 7,6 отсто
Таг:боровинкизамрзнато овошјекапини
Претходен напис Хотели за пчели во Аеродром
Следен напис „Денови на кариера“ од 13 до 16 декември на Факултетот за земјоделски науки и храна
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?