Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Хотели за пчели во Аеродром
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Хотели за пчели во Аеродром
Агровести

Хотели за пчели во Аеродром

Објавено 14/12/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Градоначалникот на Општина Аеродром, Тимчо Муцунски во петокот оствари неформална средба со британската амбасадорка Рејчел Галовеј и со претставници на граѓанското здружение „Новинари за човекови права“.

На средбата беше презентиран проектот „Хотели за опрашувачи“ во реализација на „Новинари за човекови права“, а поддржан од Британската амбасада во Скопје.

Во рамките на настанот беа презентирани дрвените куќички – хотели за опрашувачи, односно за пчели, како дел од проектот, кои подоцна ѝ беа донирани на општината. Куќичките претставуваат прибежишта за опрашувачите во текот на зимските месеци и помагаат во нивно зачувување во урбани средини.

Фото/Facebook

„Пчелите се многу важен дел од нашиот екосистем и ова значи огромен придонес во заштитата на животната средина“, рече градоначалникот Муцунски, додавајќи дека Општина Аеродром ќе се посвети на едукација, образование и создавање навики кај најмладите како да се грижат за животната средина.

Исто така, на средбата со британската амбасадорка Галовеј стана збор за идни проекти во Општина Аеродром поврзани со менаџментот на кризи, заштита на животната средина и слично. Таа рече дека и во иднина несебично ќе ги поддржуваат сите проекти што ја подобруваат животната средина.

Заедничкиот заклучок од средбата е дека со децата треба да се работи од најрана возраст во едукација за важноста на климатските промени, потребата да се дејствува итно и чекорите што може да ги преземе секој од нас за да ја заштити животната средина.

Може да ви се допадне

Засилени безбедносни мерки и посебен режим на сообраќај во Охрид по повод посетата на индиската претседателка
Силно невреме го погоди Стар Дојран, десетици дрвја на повеќе локации оштетија настрешници, возила, покрив и опрема на плажите
Обвинителство: Водата во Гостивар е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена, отворена истрага против три лица
ЦУК: Повеќето пожари во Скопскиот регион се ставени под контрола, интервенции се уште траат на три локации
“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Таг:хотели за пчели
Претходен напис „Сакам младите да препознаат дека има работа во земјоделството и дека може да се живее од него“ – Горан Врабец, производител на чили пиперки и во услови на криза го одржа производството
Следен напис Се намалуваат светските залихи на овошје во ладилници
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?