Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Стручен совет: Заштита од полжави
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Стручен совет: Заштита од полжави
Совети

Стручен совет: Заштита од полжави

Објавено 23/11/2019
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Полжавите можат да направат значителни штети на растителните посеви,
особено во подрачја со голема влажност, покрај реки и потоци, покрај шумски појаси,
во пластеници и стакленици. Штетите главно ги прават полжавите без заштитни куќички или познати како голи полжави. Тие се хранат со грицкање на сочните лисја од младите растенија во
расадот од зеленчук или подоцна со лисја од салата, зелка, спанак и т. н. Ги напаѓаат
сите градинарски растенија , освен кромидот и лукот. Покрај директните штети со
грицкање на лисјата, полжавите на нив оставаат траги од лигава-слузава материја која
ја лачат во текот на развојот.


За нормален развој на полжавите потребна е оптимална температура од 12 –
220 С , и умерена влажност на почвата од 20 – 40%. Ниската влажност претставува
опасност за нивниот развој и доаѓа до угинување. Полжавите се уништуваат со превземање на интегрални мерки за заштита, кои подразбираат отстранување на поволните услови за појава и развој, препреки од прашкасти материи кои причинуваат дехидрирање(пепел, вар ), кои се распрашуват околу растението и служат за уништување на полжавите. Овие материи ја одземаат
влажноста од полжавите. Најдобро делуваат кога е суво. На патот на движењето на
полжавите или околу растението може да се употреби и минерално губриво. Тоа има
исто дејство како пепел или вар. Поставените остри лимени препреки по ивиците на
леите, пластениците и стаклениците претставуваат одлични и трајни препреки за
заштита од полжавите. Мамците за исхрана се користат да ги привлечат полжавите.
Стари конзерви или пластични чаши укопани во почвата, а ивиците на предметите да
бидат рамни со почвата и наполнети со пиво ги привлекуваат полжавите, кои влегуваат
во нив и гинат.
Хемиските средства за уништување на полжавите се викаат Limacidi. Најчесто се
во форма на гранули кои се растураат околу растенијата, но никогаш директно врз
растението и тоа во вечерните часови кога почнуваат полжавите со активност и
штетите ги прават во ноќните часови и рано наутро, а потоа се повлекуваат во почвата
или во потемните делови во просторот.
Кај нас на пазарот ги има препаратите Mesurol granulat и Limasan, Кои се
употребуваат од 30-50 гр./100м2. За уништување на полжавите во некои земји веќе
долго се применува специјална паста во вид на гел на база на сапун. Таа се нанесува на
почвата, приземните делови на конструкцијата кај затворените објекти, дрво или метал
или на бетонски патеки.

Може да ви се допадне

Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Капина – карактеристики и одгледување на сортата Лох Нес
Нега на чапунките кај молзните крави
Што е имотно осигурувањe?
Таг:заштитазелкакромидполжаврастеија
Претходен напис Имајте млад кромид во текот на целата година
Следен напис Прочитајте кои се приоритетни сектори за Мерка 3 од најавениот повик ИПАРД
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?