Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (Видео) Силни жени – силна економија
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВО > (Видео) Силни жени – силна економија
ДОГОВОРНО ПРОИЗВОДСТВОРурален Развој

(Видео) Силни жени – силна економија

Објавено 25/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Ова е приказна за три неверојатни жени од Република Северна Македонија, кои, и покрај сѐ, успеаја да станат успешни претприемачи, нудејќи им инспирација и на други жени и девојки во земјите од Југоисточна Европа (ЈИЕ)- пишува AGROmedia.rs.

Тие се жив доказ дека кога жените ги имаат истите права и можности како мажите, нивните семејства и општеството, ќе напредуваат и ќе бидат успешни.

Јасмина Котевска од Суводол, Демир Хисар, е дипломиран историчар на уметност, но вели дека нејзината струка е овчарството: „Овчарството е семејна традиција која изумира. Земјоделството беше единствената опција што ми остана. Кога првпат почнав да работам со овци, почнав да развивам чувство за дисциплина и одговорност. Мислам дека тоа позитивно влијаеше на мојата личност. Мислам дека жените се совршено способни да ги вршат машките работи, и обратно“.

Вангелина Пармачка од беровското село Будинарци е земјоделец и сопственик на земјоделско земјиште. Таа вели дека секојдневните предизвици ги има многу: „Водењето земјоделско стопанство за мене како жена е предизвик затоа што морам да работам во полето и на фармата и да продолжам да ги извршувам обврските како мајка и домаќинка“. Сепак, нејзината порака е едноставна: „Жени, бидете храбри, бидете сопственици на вашите фарми, бидејќи каде и да одлучите да аплицирате, добивате дополнителни поени!“

Ирена Наумоска од село Горно Коњско кај Охрид вели дека ја имала целосната поддршка од сопругот кога започнала семеен бизнис, иако не е сопственик на земјиштето: „На почетокот беше тешко да се прифати жена која води бизнис. Мојот сопруг никогаш не се противеше на фактот дека јас го водам бизнисот. Ја имам неговата целосна поддршка. Значи, сè што правиме, правиме заедно. Јас поседувам бизнис, водам ресторан, но не поседувам имот. Земјиштето сè уште е во сопственост на родителите на мојот сопруг. Тоа понекогаш може да биде пречка затоа што немаме право да аплицираме за некои грантови од државни институции или странски грантови. Но, ако сте посветени на нешто, никогаш не се откажувајте!“

Овие три жени, како и жените ширум светот, се издржливи и снаодливи економски чинители кои ги надминуваат постојаните, родово засновани бариери во нивните напори да постигнат економска сигурност за нивните семејства.

Жените даваат огромен придонес во економијата, без разлика дали тоа го прават во компании, фарми, како претприемачи или вработени, или извршувајќи ги секојдневните домашни обврски. Економското зајакнување на жените е во срцето на инклузивниот економски развој и просперитет.

Економиите ширум светот се поотпорни, попродуктивни и инклузивни кога ги намалуваат родовите нееднаквости и активно го поддржуваат еднаквото учество на жените во сите сфери на животот. Затоа земјите од Југоисточна Европа треба да ги удвојат своите напори за проактивно информирање и едукација на жените за нивните уставни и законски права на пристап, сопственост на земјиште и други форми на имот, финансиски услуги, наследство и природни ресурси.

Регионалните проекти „Поддршка за економската диверзификација на руралните области во Југоисточна Европа“ и „Отворени регионални фондови за правни реформи во Југоисточна Европа“, имплементирани од страна на Deutsche Gesellschaft für Internationale Zusammenarbeit (GIZ) GmbH, во име на германското Сојузно министерство за економски развој и соработка, ги поддржуваат жените со цел да го остварат својот економски и социјален потенцијал. Една од целите е да се поттикнат жените од руралните области да ги остварат своите права на земја, лидерство, можности и избори, за да можат да ги продаваат своите производи и да дадат силен придонес за инклузивен економски раст.

Со овој вид поддршка, жените се овластени да градат подобар живот, да заработуваат повеќе приходи и да создаваат бизниси кои обезбедуваат работни места и ја поттикнуваат локалната економија.

Извор: AGROmedia.rs.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
КОРНИШОНИ во пластеници – агробизнис кој има СИГУРЕН ПЛАСМАН и ОДЛИЧНА ЦЕНА на производот
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
Претходен напис Живинарските фарми во Чешка ги чуваат јатата во затворени простории поради H5N1
Следен напис Утре (26.11) започнува етапната исплата на ноемвриските пензии
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?