Nigella Sativa е едногодишно растение од фамилијата Ranuncolaceae, со потекло од Азија. Се карактеризира со темно зелени листови, високо разгранета структура и нежни бели и сини цветови. Дава плодови слични на големи капсули во кои има црни семки, кои се користат како зачин во готвењето.

Етеричното масло од црно семе е познато по своите антибиотски, антиинфламаторни и антибактериски својства. Затоа се користи во случај на алергии, астма и бронхитис. Овој скапоцен екстракт се добива од семето на растението со дестилација со пареа. Има мошусен мирис, а исто така е вреден сојузник за нега на кожата и косата.

Маслото од црно семе (Nigella Sativa) е 100% природно масло добиено со ладно цедење на семето. Богато е со калциум, железо, фолна киселина и цинк. Изобилува со повеќе Б витамини и активни состојки за силен имунитет.
Египќаните го нарекувале и масло на Клеопатра и Нефертити, бидејќи легендарните кралици го користеле етеричното масло добиено од црно семе. Траги од Nigella Sativa се пронајдени во гробницата на Тутанкамон.

Маслото од црно семе е благотворно за здравјето на човекот.
-го подобрува имунитетот
-го регулира крвниот притисок
-ја подобрува циркулацијата
-ги намалува алергиските реакции на организмот
-го подобрува варењето на храната
-ја зајакнува косата
-го намалува холестеролот и нивото на шеќер во крвта
-може да го користат пациенти кои често имаат проблеми со вирусни, бактериски и габични инфекции.
-делува како јак антиоксиданс;
Кај нас вакво масло се произведува во „Агрофила“ од Штип, компанија која се занимава со преработка на масло од земјоделски култури. Можете да нарачете во порака на фан-страницата или на линкот https://e-shop.filla.com.mk/…/ladno-cedeno-maslo-od…/.


