Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: За производство на ракија над 50 литри во БиХ се предвидува казна од 250 до 770 евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > За производство на ракија над 50 литри во БиХ се предвидува казна од 250 до 770 евра
Агровести

За производство на ракија над 50 литри во БиХ се предвидува казна од 250 до 770 евра

Објавено 18/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во БиХ е предвиден прелиминарен предлог-закон, со кој, поради приближувањето кон ЕУ и усогласување на нормите, алкохолни пијалаци, ракии и ликери ќе можат да произведуваат и продаваат само правни и физички лица кои се регистрирани во регистарот на производители.

Ако се усвои предлог-законот, сите што произведуваат ракија ќе треба да ја ограничат количината на произведениот пијалак на 50 литри, а во спротивно како физичко лице, ќе се наметне парична казна од 500 до 1500 КМ (од 250 евра до 770евра).

Во прелиминарниот предлог на Законот е предвидено дека сите оние кои произведуваат повеќе од 20 литри чист алкохол, односно 50 литри силен алкохол, задолжително да ја пријават својата дејност.

„Производител се запишува во Регистарот доколку ги исполнува условите од аспект на капацитети, простории, опрема и уреди, како и од аспект на стручен кадар“, пишува во прелиминарниот нацрт, според кој оние кои произведуваат помалку од педесет литри се ослободени од овие услови.

Казни се предвидени и за оние кои користат етил алкохол кој не е од земјоделско потекло, не произведуваат силни алкохолни пијалаци на пропишан начин, произведуваат поголеми количини алкохол, а не се регистрирани.

„За прекршокот од ставот 1 на овој член ќе се казни физичко лице со парична казна од 500 KM до 1.500 KM“, се наведува во предлогот. Овој документ ги дефинира и другите сегменти на производство на силни алкохолни пијалоци, како што се етикетирање, пакување и методи на селекција на суровини. Доколку биде усвоен, производителите ќе имаат рок од една година да го усогласат производството со законските одредби.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:ракија
Претходен напис (Фото) Ова се најчудните орхидеи што некогаш ќе ги видите
Следен напис Македонските вина се на петтото место како најквалитетни по Франција, Србија, Италија и Шпанија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?