Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Билки кои можеме да ги одгледуваме на терасa и во зима
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Совети > Билки кои можеме да ги одгледуваме на терасa и во зима
Совети

Билки кои можеме да ги одгледуваме на терасa и во зима

Објавено 12/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Првите студени денови, во пресрет на зимата, ги карактеризираат празни тераси и саксии, кои ги украсуваа нашите дворови и тераси во текот на летните денови.
Сепак, иако можеби не сте знаеле, постојат растенија кои можете да ги одгледувате надвор и на температури под нулата. На овој начин вашата тераса ќе биде стилизирана дури и кога температурата ќе падне под нулата. Пред садењето, распрашајте се за видовите растенија, грижата за нив и за тоа како тие напредуваат во неповолни временски услови.

Ви предлагаме неколку видови неуништливи растенија кои му пркосат на студот, мразот, ветерот, дождот и снегот и кои ќе преживеат до пролет.

За украсните коприви светлината и сенката се подеднакво погодни. Листовите може да бидат црвени, жолти или шарени, а се вбројува меѓу многу поволните растенија во саксии.

Хризантемите добро ги толерираат почетните мразови. Ако замрзнат, на пролет ќе никнат нови пупки и ќе продолжат да цветаат. Доколку сакате да ги зачувате, покријте ги со лесна ткаенина.

Лаватерата расте до еден метар во височина и не е љубител на пресадување. Најдобро е да се засади на греда. Отворен и затворен простор ѝ одговара. Обилното цветање трае во текот на цела градинарска сезона.

Растението ден-ноќ иако изгледа нежно, листовите се отпорни на многу екстремни температури. Затоа, не е невообичаено да се видат шарени цвеќиња како никнуваат под снежна покривка. Тоа е идеално растение за оние кои сметаат дека не знаат многу за цвеќе.

Невенот е растение кое навистина не поднесува топлина. Во лето неговото цветање престанува бидејќи заболува од пепелница. Неговото присуство во градината ги штити другите растенија од вошките. Цветовите од невен се јадат.

Може да ви се допадне

Компирова златица (Leptinotarsa decemlineata) – Сериозна закана за производството на компир
Влага во почвата и наводнување кај зеленчуковите култури
Развој на пченицата и услови за постигнување на високи приноси
Исправноста на опремата за аплицирање на пестициди – темел за здрава и продуктивна производна сезона во земјоделството
Како до успешно производство на компир
Таг:украсна копривахризантема
Претходен напис Продолжува трендот на раст на извозот во ТИРЗ
Следен напис Минималните трошоци на четиричлено семејство во октомври зголемени за 200 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?