Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Продолжува трендот на раст на извозот во ТИРЗ
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Продолжува трендот на раст на извозот во ТИРЗ
Агровести

Продолжува трендот на раст на извозот во ТИРЗ

Објавено 12/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

​​Економските активности во зоните продолжуваат со трендот на раст и во октомври покажува редовната месечна анализа на ТИРЗ.

Во првите десет месеци од годинава компаниите активни во зоните достигнале извоз од 2 милијарди и 482 милиони евра што е за 19% повеќе споредено со истиот период лани, односно 8% повеќе споредено со првите десет месеци од 2019 година и за речиси 24% повеќе во однос на 2018 година. Само во октомври компаниите активни во зоните оствариле извоз од 246 милиони евра. И во однос на вкупниот извоз во земјава ТИРЗ останува главен носител на извозните активности со удел од речиси 45%, заклучно со достапните податоци од август годинава.

Анализата покажува и раст на увозот во првите десет месеци од годинава. Увозот од јануари до октомври 2021 година е 2 милијарди и 441 милиони евра што е за 43% повеќе во однос на истиот период минатата година, додека споредено со 2019 растот е 15%, односно 46% раст има во однос на 2018 година. Увозот само за месец октомври е 215 милиони евра.

Во октомври е регистрирано и највисоко ниво на нето извозот од 14%. Бројот на вработени е стабилен и останува во рамки на годишниот просек.

Со оглед на тоа дека редовната анализа на ТИРЗ покажува стабилен нагорен тренд на раст на извозот и највисоки економски активности во зоните во првите три квартали од годинава во последниве четири години, се очекува ваквиот позитивен тренд да продолжи и до крајот на годинава и да се достигне, но и да се надмине границата од 3 милијарди извоз годишно што би била рекордно ниво до сега. ТИРЗ истовремено внимателно ги следи и ризиците со глобалните ланци на снабдување и доколку е потребно ќе се предложат мерки за справување со можните последици.

ТИРЗ активно работи и на повеќе иницијативи, меѓу кои воведување на програми за домашни компании, заедно со ИФЦ наменети за технолошко унапредување и можност за вмрежување на домашните компании во синџирот на набавки, потоа програма за поттикнување на раст на продуктивност, наменета за развој на вештини и поттикнување на продуктивноста на работниците и компаниите, како и нова кампања за презентација на инвестициски можности во странство со цел поттикнување на инвестиции со фокус кон сите индустрии.

Дирекција на ТИРЗ

Може да ви се допадне

Редовно наводнување на културите и почитување на препораките за работа на отворено, препорачуваат агрометеоролозите
Топлотен бран во Грција, се очекуваат температури над 40 степени
На „Богородица“ и „Дојран“ за излез од државата се чека 40 минути
Состанок со производителите и со дистрибутерите за продажните и набавните цени на основните производи
Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Таг:ТИРЗ
Претходен напис Министерот за земјоделство, Арјанит Хоџа најави оставка од функцијата
Следен напис Билки кои можеме да ги одгледуваме на терасa и во зима
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?