Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Австралија ќе продолжи да продава јаглен во наредните децении
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Австралија ќе продолжи да продава јаглен во наредните децении
Агровести

Австралија ќе продолжи да продава јаглен во наредните децении

Објавено 08/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Австралија соопшти дека ќе продава јаглен „во децениите што доаѓаат”, откако се откажа од пактот за постепено укинување на загадувачките фосилни горива за да се запрат катастрофалните климатски промени, јави Бгнес.

Повеќе од 40 земји, за време на климатскиот самит на ОН КОП26 во Глазгов, ветија дека наредните децении ќе ја укинат употребата на јаглен. Самитот се одржува со цел да се ограничи глобалното затоплување на Земјата од индустриската револуција на 1,5-2,0 степени Целзиусови.

Австралија, заедно со некои други големи корисници на јаглен, како што се Кина и САД, не се приклучија.

– Многу јасно кажавме дека нема да затвораме рудници за јаглен и нема да затвораме електрани на јаглен, изјави австралискиот министер за ресурси Кит Пит за националната телевизија Еј-Би-Си.

Во одбрана на одлуката на Австралија, Пит рече дека Австралија има еден од најквалитетниот јаглен во светот.

– И затоа ќе продолжиме да имаме пазари во наредните децении. И ако тие купуваат … добро, ние продаваме, додаде тој.

Според него, побарувачката за јаглен се очекува да расте до 2030 година.

– Ако не сме ние да го освоиме тој пазар, некој друг ќе го освои, додаде Пит.

– Претпочитам тоа да биде висококвалитетен австралиски производ кој обезбедува австралиски работни места и ја гради австралиската економија отколку да доаѓа од Индонезија, Русија или од друго место, изјави австралискиот министер.

Австралија е еден од најголемите производители на јаглен и природен гас во светот, но во последниве години страда и од се поекстремни суши, поплави и пожари предизвикани од климата.

Минатиот месец, владата на премиерот Скот Морисон постави цел за нула нето емисии до 2050 година, но планот беше критикуван поради недостиг на детали и затоа што многу се потпира на сè уште непознати технолошки откритија.

Австралискиот совет за минерали, кој ги претставува големите рударски компании како што се БХП и Рио Тинто, соопшти дека целта за 2050 година може да се постигне преку значителни инвестиции во технологијата.

Пит рече дека околу 300.000 работни места во Австралија зависат од секторот за јаглен. Самиот совет за минерали тврди дека индустријата за јаглен директно вработува 50.000 работници и одржува уште 120.000 работни места.

Големите рударски компании како БХП велат дека се откажуваат од најзагадувачките фосилни горива.

БХП денеска соопшти дека го продала својот 80-процентен удел во металуршкиот рудник за јаглен во источен Квинсленд на Стенмор Рисорсес (Stanmore Resources) за најмалку 1,2 милијарди.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:австралијајаглен
Претходен напис (Видео) Во Русија наскоро 10.000 трактори без возачи
Следен напис Европа очекува најлоши приноси на мед во историјата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?