Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Чадеж: Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Чадеж: Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола
Агровести

Чадеж: Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола

Објавено 04/11/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година може да се сметаат на единствена работна дозвола и единствен информативен систем, соопшти денеска претседателот на Стопанската комора на Србија, Марко Чадеж.

Според Чадеж, како што јави дописникот на МИА од Белград, во сите три земји се гледа политичка волја, а направени се и многу конкретни работи.

-Поради тоа денеска очекувам добри вести. Се усвојува патоказ со многу специфични задачи – што да се направи за ниту еден камион да не застанува повеќе на границата, а тоа е она што ни овозможува да растеме, ни овозможува раст на економијата. Имаме проблеми со работната сила. Пазарот на трудот станува навистина проблематичен. Мора да најдеме, за да го прошириме бизнисот, да правиме нови зделки, треба да имаме простор каде ќе ја реализираме работата и луѓе со кои ќе ја реализираме работата. Превозот е се поскап, а она што е веќе направено во рамки на Отворен Балкан, го скрати патот од почетокот на иницијативата до денес меѓу овие три земји – патот на камиони, стоки кои почнуваат да излегуваат од Албанија и да стигнуваат до Србија, за цел ден, што им заштеди пари на компаниите – нагласи Чадеж пред денешната средба во рамки на иницијативата Отворен Балкан и додаде дека иницијативата Отворен Балкан е клучна за опстанокот на економијата и работните места во Србија.

Тој најави дека на денешната средба ќе присуствуваат 22 компании од Србија, Албанија и Северна Македонија од различни области.

-Ќе има компании од секторите земјоделство, метална индустрија, електроника, информатика, градежна индустрија. Самите велат, ова ни е потреба. Оние со кои разговараме денеска вработуваат 50.000 луѓе и се заинтересирани да продолжат понатаму. Сфатија дека оваа иницијатива навистина има смисла, истакна Чадеж.

Негова оценка е дека иницијативата опстојува иако премиерот Зоран Заев „го нема“ и Северна Македонија ќе ја претставува вицепремиерот Никола Димитров.

– Она што е добро од иницијативата е што администрациите учествуваат со полна сила. Имав можност да видам како се координираат и ние сме дел од тој координативен механизам за усогласување на сите договори – од работни дозволи до проток на стоки и навистина можете да видите колку јавната администрација во сите земји се обидува да направи што повеќе договори, рече Чадеж.

Може да ви се допадне

Во Штип утре прскање против комарци
УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Таг:марко чадеж
Претходен напис Се пошумуваат дел од опожарените површини во околината на Кочани
Следен напис ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4,0 отсто во 2021 и 2022 година
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?