Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4,0 отсто во 2021 и 2022 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4,0 отсто во 2021 и 2022 година
Агровести

ЕБОР предвидува раст на македонската економија од 4,0 отсто во 2021 и 2022 година

Објавено 04/11/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Раст на македонската економијата од четири отсто за годинава и за 2022, предвидува Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) во најновиот извештај за економските перспективи на земјите од Западен Балкан.

-Закрепнувањето е во тек во Северна Македонија, со раст поттикнат и од домашната и од надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата силно порасна, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство, иако се уште е на релативно ниско ниво во споредба со другите регионални економии. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, во тандем со увозот, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ. Се предвидува дека економијата ќе порасне за 4,0 отсто и во 2021 и во 2022 година, оценува ЕБОР.

Во извештајот се посочува дека по четири последователни квартали со негативен раст помеѓу вториот квартал од 2020 година и првиот квартал од 2021 година, почна закрепнувањето на македонската економија.

-БДП се зголеми за 13,1 отсто на годишно ниво во вториот квартал од 2021 година, поттикнат од домашната и надворешната побарувачка. Потрошувачката на домаќинствата порасна силно, поддржана од зголемувањето на платите, растот на кредитите и дознаките од странство. Извозот на стоки се зголеми и по вредност и по обем, поттикнат од закрепнувањето во ЕУ, главниот извозен пазар на Северна Македонија, и растот во тандем со увозот. Странските директни инвестиции се зголемија во втората половина на 2021 година, надминувајќи го соодветното ниво од 2019 година, се вели во извештајот.

Сепак, се додава, овој раст во голема мера ја одразува реинвестираната заработка и должничките инструменти, а учеството на новиот капитал е многу ниско.

-Потрошувачката инфлација се зголеми заради привремените глобални фактори, но останува под контрола на 3,6 отсто на годишно ниво во септември. Стапките на монетарната политика се на најниско ниво досега, што го поддржува економското закрепнување. Се прогнозира дека економијата ќе порасне за 4,0 проценти и во 2021 и во 2022 година. Главните ризици за изгледите се однесуваат на брзината на закрепнување на европските пазари и развојот на „Ковид-19“, се потенцира во извештајот.

Прогнозата на ЕБОР за регионот на Западен Балкан е дека годинава ќе забележи раст од 6,4 отсто.

Се истакнува дека инфлациските притисоци и надворешните услови може да го попречат идното закрепнување на регионот и се додава дека индустриското производство и зголемениот извоз во ЕУ го поддржуваат растот во Босна и Херцеговина, Северна Македонија и Србија, додека Албанија, Косово и Црна Гора имаат корист од силното закрепнување во угостителскиот сектор во текот на летните месеци.

Закрепнувањето е поттикнато и од зголемувањето на потрошувачката на домаќинствата, овозможено со растечките дознаки, порастот на номиналните плати и кредитниот раст во повеќето економии во регионот. Слично како и во другите региони, во Западен Балкан цените постепено се зголемуваат од почетокот на 2021 година поради повисоките цени на храната и енергијата. Фискалната политика остана приспособлива, а стапките на монетарната политика се историски најниски. Сепак, веројатноста за затегнување се зголемува во услови на постојан раст на цените и инфлаторни трендови во еврозоната.

– Иако знаците за економско закрепнување на Западен Балкан досега беа силни, остануваат значителни неизвесности, особено оние поврзани со идниот пат на пандемијата и потенцијалното влошување на надворешните услови, оценува ЕБОР.

Може да ви се допадне

Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Балканот под удар на невреме: град, поплави и ветер што веќе не личи на обична летна бура
Таг:ЕБОР
Претходен напис Чадеж: Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола
Следен напис Ќе се формира Совет за побрз проток на стоки меѓу Србија, Албанија и Северна Македонија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?