Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Се пошумуваат дел од опожарените површини во околината на Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Се пошумуваат дел од опожарените површини во околината на Кочани
Агровести

Се пошумуваат дел од опожарените површини во околината на Кочани

Објавено 04/11/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вработени во јавното претпријатие Паркови и зеленило – Флораком од Скопје денеска го почнаа пошумувањето на дел од опожарените површини околу Кочани, а за што компанијата А1 Македонија донираше 600 садници од видот јасен.

Засадувањето на младите стебла се реализира на ридот Драчевик, на локацијата што најмногу настрада од шумскиот пожар на 2 август, а од кој беа зафатени куќи, објекти со добиток, земјоделска механизација и возила.

– Искуството од пожарите во текот на летото ни укажа дека не е добро заштитните зелени појаси околу градот да бидат со иглолисна шума, затоа што таа е лесно запалива, поради што пристапивме кон засадување листопадни и медоносни стебла. Со тоа ќе се постигне двоен ефект, односно ќе добиеме добар заштитен појас и рекреативни пешачки патеки во негова непосредна близина, а тоа ќе биде корисно и за пчеларите, чиј број е во пораст. Упатуваме благодарност до нашите пријатели од компанијата А1 Македонија за оваа донација, а очекуваме на ваквата благородна идеја да се приклучат и други општествено одговорни компании за што побрзо да се санираат штетите од пожарите, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.

Одговорните во ЈП Паркови и зеленило истакнаа дека пошумувањето се одвива без проблеми, временските услови се поволни, а се користи механизирана опрема.

– Садниците се од видот фраксинус еспе, што во јавноста е попознат како јасен, со височина од 1,8 метри. Планираме да ги засадиме во што пократок период, со што просторот ќе биде повторно облагороден, а граѓаните ќе добијат нов заштитен појас, истакна Александра Дамчевска од ЈП Паркови и зеленило.

При обезбедувањето на садниците, од компанијата А1 Македонија нагласија дека донацијата е со цел да се даде придонес во враќањето на природниот баланс и обновување на биодиверзитетот.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Крадци во Италија украле 30.000 шишиња вино вредни пет милиони евра, луѓето плачеле во винаријата
Предлог: До 50.000 евра за предавање на фарма на млад земјоделец
Богатите вкусови на калинката и нејзините производи изложени на Фестивалот на калинка во Валандово
(ВИДЕО) БИК ПРОДАДЕН ЗА 35.000 евра: Нема ниту една година, а на сите тестови покажа дека е најдобар
Азески: Државата со поголем БДП, компаниите со поголем профит, граѓаните со повисок стандард
Таг:Кочанипошумување
Претходен напис ФАО: Цените на храната во светот се искачија на нов десетгодишен максимум
Следен напис Чадеж: Граѓаните на Србија, Северна Македонија и Албанија од идната година со единствена работна дозвола
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?