Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Отворените штали спас за кравите и за џебот на сточарите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > Отворените штали спас за кравите и за џебот на сточарите
Сточарско производство

Отворените штали спас за кравите и за џебот на сточарите

Објавено 19/10/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарското производство и здравствената состојба на добитокот во голема мера зависат од климатските услови во производствениот капацитет. Во последно време сѐ повеќе внимание се посветува на климатските услови во зградата, особено од аспект на составот и вкупната количина на воздух во објектите, посебно од аспект на составот и вкупната количина на воздухот во објектот. Составот на воздухот во објектот треба да се споредува со составот на воздухот надвор од објектот. Ако се достигнат приближните вредности на одделни елементи, пред сѐ кислородот, може да се смета дека системот за вентилација во зградата е задоволителен. Во пракса тоа е многу тешко да се постигне, освен во шталите со отворен надолжен ѕид со заштитна мрежа за ветар.

Долгогодишните искуства во изградбата на штали за млечни крави доведуваат до заклучок дека не е важно кој систем за вентилација се избира, бидејќи ниту еден од нив не обезбедува оптимални климатски услови во шталата. Недоволното количество свеж воздух во шталата, динамиката на промени и целокупниот состав на воздухот во шталата, доведува до зголемување на микробиолошките и патогените организми во него, што има многу неповолен ефект врз целокупното здравје, а со самото тоа и на производната состојба на кравите.

Отворени штали

Многу често на кравите им заболуваат дишните патишта, особено кај млечните крави, така што современите штали од отворен тип подразбираат задоволување на низа барања.

  1. Што е можно помали трошоци за изградба
  2. Доволна количина на воздух во шталата и оптимална промена без појава на процес на првев
  3. Пропорционално со количината на воздухот што се доведува до шталата, треба да се реши и количината на воздух што ја напушта шталата (загадениот воздух).

Отворените штали спас за кравите и за џебот на сточарите

Вкупната инвестиција во изградба на штала за млечни крави зависи од степенот на механизираност во шталата, односно опремата што е инсталирана. Во случај на поедноставни решенија, инвестицијата се движи од 3.000-6.000 евра по лежиште. Во случај на изградба на објекти со ист капацитет, но со отворен ѕид, и со употреба на заштитни мрежи од ветер за вентилација и заштита на животните од провев, вкупните трошоци за изградба на објекти може да се намалат дури за 50 %.

Особено треба да се напомене дека сите дополнителни трошоци за енергија околу кој било друг систем за вентилација се целосно елиминирани. Употребата на заштитни мрежи против ветрови на шталите од отворен тип им обезбедува целосно природни услови во производствениот простор на големи површини, со целосни потреби во составот и количината на воздух.

Мрежа за заштита од ветрови

Мрежата за заштита од ветрови е изработена од специјални, многу отпорни, синтетички материјали, кои се испреплетени во повеќе слоеви, со мали перфорации. Овие мрежи можат да издржат налети на ветер до 150 км/ч и да го запрат речиси целосно пред да влезе во објектот (до 93%).

Со тоа се постигнува, дури и во екстремни услови, вентилација, односно размена на воздух без провев.

На веќе постоечките штали од затворен тип, лесно може да се подобри состојбата на климатските услови, со нивно менување во отворен тип со употреба на заштитни мрежи од ветер. Кога се гради штала од отворен тип, надолжниот ѕид се поставува на јужната експозиција.

При инсталирање, треба да се земе предвид дека заштитната мрежа се поместува во текот на денот или годината. Имајќи го предвид значителното намалување на трошоците за изградба на отворени штали со мрежа за заштита од ветер, како и општото подобрување на условите во нив, не е тешко да се заклучи дека таквата инвестиција ќе се врати многу брзо.

Извор: agroinfonet.com

Може да ви се допадне

Уапсена сопственичка на говеда во Кривопаланечко, повторно спречувала службеници на АХВ
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:кравиотворени штали
Претходен напис Бочварски во Софија ќе потпише меморандум за доизградба на железничкиот Коридор 8
Следен напис Храната и енергијата ја зголемуваат инфлацијата во Србија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?