Откако стигнала пензијата, Љубица (82) и Воислав Јованови (82) го оставиле градот и животот го продолжиле во село Долно Ѓуѓанци, каде што си имаат свое земјоделско, градинарско и уметничко царство.
– Додека мојот татко работеше, живееја во Скопје, но откако се пензионира се вратија во родното село на мојот татко каде што го продолжија животот далеку од градскиот метеж и врева – објаснува нивната ќерка Весна Стојаноска.
Дворот се простира на околу 500 квадратни метри и се наоѓа во светиниколското село Долно Ѓуѓанци.
– Мојата мајка отсекогаш си одгледувала цвеќиња кои се од старо семе која сама го собирала после секое процветување, трендафил, шеќерче, бонбончиња, сардели, невен, турчиња, божур, јатрви, лалиња и др. – објаснува Весна.
Љубица станува рано секое утро, околу 4 часот, и почнува со наводнување на бавчата и цвеќињата. Така и самата Весна го послушала советот од мајка си дека цвеќињата и бавчата се наводнува наутро, додека не ги фатило сонце, зашто навечер не се става вода на нешто што целиот ден се топли.

– Потоа продулжува со работа околу нив и, како да ви кажам, скоро преку цел ден си наоѓа работа околу нив, малку одмор, ручек и други обврски околу куќата – додава Весна.
Љубица и Воислав призведуваат сè што може да се насади – пипер, домат, лук, кромид, компир, карфиол, цвекло, праз и сè друго што е потребно за исхрана. Покрај сè тоа, Љубица си сади и босилок и нане, додека Воислав има неколку ниви кои ги обработува и си сее јачмен, пченица и други намирници.
Зимницата, се разбира, веќе им е подготвена, па така тука е ајварчето, лутиката, кечапот, компоти од различно овошје, фереонки, кисели краставички, жива туршија, кисела зелка, резанец…
Продолжението на текстот и фотогалеријата можете да ги погледнете на еспресо.мк.
