Извозот на пченица од Европската Унија скокна за 1,1 милион тони претходната недела, пишува Аgricensus повикувајќи се на податоци од Европската комисија. Според нив, оваа бројка е предизвикана од дополнување на информациите за француските и италијанските извозници објавени во вторникот, кои недостасуваа за периодот од 12 август до 29 септември.
Имено, износите за овие две земји не беа познати околу шест недели, поради што сега има остар скок во резултатите. Така, вкупниот извоз на пченица помеѓу 1 јули и 4 октомври достигна речиси 8,1 милиони тони, што е за 45 проценти повеќе од истиот период минатата година.
Во однос на неделниот извоз, 115.973 тони биле натоварени во Полска, 54.372 тони во Литванија, 48.572 тони во Германија и 39.415 тони во Летонија.
Алжир останува главна дестинација за извоз, зголемувајќи го увозот за 268.200 тони во текот на неделата, на 1,17 милиони тони. Потоа следува Јужна Кореја со 822.575 тони и Египет со 757.000 тони.
Се извезува повеќе јачмен, а се увезува помалку пченка
Извозот на јачмен се зголеми на 57.942 тони, а оваа бројка е поделена помеѓу Летонија (25.372 тони) и Литванија (31.500 тони). Вкупниот извоз изнесува 2,46 милиони тони, што е за девет проценти повеќе отколку во истиот период во 2020 година.
Неделниот увоз на пченка падна на најниско ниво од почетокот на маркетиншката година на 1 јули и изнесувал 99.150 милиони тони, од кои повеќе од половина се увезени од Белгија (53.035 милиони тони). Вкупниот увоз на таа житарка сега достигна 3,6 милиони тони, или 17 проценти помалку од минатата година.
Бразил остана првиот снабдувач со 2,36 милиони тони, а го следи Украина со 798.991 тони и Србија со 229.073 тони.
Извор: agricensus.com
