Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На 1 октомври официјално ќе биде отворена новата ловна сезона, СВР Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > На 1 октомври официјално ќе биде отворена новата ловна сезона, СВР Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов
Агровести

На 1 октомври официјално ќе биде отворена новата ловна сезона, СВР Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов

Објавено 29/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тетовската полиција со цел навреме да се превенираат незаконски постапки на поединци, а со оглед на официјалното отворање на ловната сезона упати апел до ловџиите.

Во петок 1 октомври официјално ќе биде отворена новата ловна сезона.

-Со цел навреме да се превенираат, односно пресретнат незаконските постапки на поединци, но и ловџиите поблиску да бидат информирани за последиците од таквите постапки, Секторот за внатрешни работи Тетово апелира доследно да се почитува Законот за лов. Санкциите за непочитување на одредбите од Законот за лов се ригорозни и доследно и без исклучоци ќе се применуваат кон сите подеднакво, без разлика дали станува збор за ловџии-почетници или за искусни ловџии – вели Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Од таму ги потсетуваат ловџиите дека незаконскиот лов претставува кривично дело, за кое се предвидени парични и казни затвор од една до три, односно пет години, зависно од тоа кога, каде и каков дивеч е отстрелан според член 228 од Кривичниот законик.

На ловџиите им се укажува да бидат докрај внимателни при ракувањето со оружјето што го поседуваат и носат со себе на лов за да не ја доведат во опасност сопственaта и безбедноста на другите, но и да не го даваат оружјето на други лица, пред се на лица кои немаат дозвола за оружје и кои не се членови на ловечко друштво.

Со започнувањето на ловната сезона, Секторот за внатрешни работи Тетово во соработка со другите служби, значително ќе ги засили контролите низ ловиштата на подрачјето и ќе презема соодветни мерки и активности за спречување и санкционирање на незаконскиот лов.

Извор; МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Претходен напис Со ИПАРД 3 за седум години во македонското земјоделство ќе влезат инвестиции од 250 милиони евра
Следен напис (Видео) Робот што лета за полесна берба на овошје
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?