Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Фондови > Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка
Фондови

Гаранција од Гарантниот фонд до 50 проценти од износот на кредитот за извоз преку Развојната банка

Објавено 24/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Големите домашни извозни компании со доминантна приватна сопственост кои реализирале најмалку 30 проценти од своите приходи од извоз во последната фискална година можат да добијат гаранција до 50 проценти од износот на кредитот за извоз.

Од Развојната банка денеска информираа дека со гаранцијата може да бидат покриени кредити чиј износ се движи од 3.075.000 денари до 30.000.000 денари.

Барањето за издавање на индивидуална гаранција може да се поднесе директно до Развојната банка, а  достапно е и на веб страницата на банката под Производи – Гаранции. По добивање на барањето, тоа се процесира и се издава индивидуална гаранција од Гарантниот фонд кон онаа банка или штедилница од која компанијата ќе го земе кредитот.

– На овој начин, преку гаранција од Гарантен фонд до 50 проценти од износот на кредит за извоз, се обезбедува значителна поддршка на извозниците во насока на обезбедување дел од колатералот за кредит. Како обезбедување за индивидуалната гаранција се користи меница, велат од Развојната банка.

Гаранцијата може да се движи од 1,5 милиони денари до 15 милиони денари и е овозможена преку воспоставувањето на кредитно-гарантна шема поддржана од државата.

Со дополнување на Законот за Развојна банка на Северна Македонија се формираше Гарантен фонд како посебна организациска единица. За Гарантниот фонд иницијално се одвоени средства во износ од 10 милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 100 милиони евра. Во текот на 2021 година е предвидено зголемување на расположливите средства на Гарантниот фонд за дополнителни пет милиони евра, со што ќе може да се гарантираат кредити во вкупен износ до 150 милиони евра. 

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
Објавен повик за Мерка 7 од ИПАРД: 600 000 евра грант за рурален туризам, алтернативно производство, ветеринарни станици…
Објавен ИПАРД јавен повик за МЕРКА 7: 14 милиони евра неповратна финансиска поддршка
Објавен ЈАВЕН ПОВИК: До 600.000 денари неповратен грант за комбајни за ориз и мобилни сушари
Објавен ЈАВЕН ПОВИК за комбајни за ориз и мобилни сушари: До 600.000 денари неповратен грант
Таг:Гарантниот фондРазвојна банка
Претходен напис Осигурителни компании исплатија 1,9 милиони евра за штети од град и мраз, 72 отсто од вредноста на сите земјоделски штети
Следен напис Следните денови сончево со значително повисоки дневни температури
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?