Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“ за заинтересираните граѓани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“ за заинтересираните граѓани
Агровест

Битолска млекара го одбележа Светскиот ден на квалитет преку организирање „отворен ден“ за заинтересираните граѓани

Објавено 17/11/2019
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Традицијата на одбележување на Светскиот ден на квалитет и оваа година беше продолжена од страна на Млекара АД Битола преку организирање „отворен ден“, односно отворање на вратите на својата фабрика за верните потрошувачи, студенти, но и за сите заинтересирани граѓани.

Големиот број посетители, како и студентите од Биотехничкиот факултет во Битола, кои ја посетија фабриката, имаа можност одблизу и директно од врвните професионалци да се запознаат со процесот на производство на млекото и млечните производи од широкото портфолио на Бимилк. Истовремено, тие имаа можност да се едуцираат за меѓународните стандарди за квалитет што Битолска млекара секојдневно ги применува во своето работење, со цел да се одржи довербата кај потрошувачите и приматот на најголем млекопроизводител на македонскиот пазар.

„Битолска млекара е компанија со долга традиција, која својата лидерска позиција во млечната индустрија во државата ја има обезбедено и задржано преку следење на светските стандарди за квалитет. Потрошувачите знаат да го препознаат квалитетот и преку секојдневно консумирање на производите да изградат силна врска со производителот. Токму затоа, преку отворањето на вратите на нашата фабрика даваме можност за директно запознавање со целиот процес на производство, од првата фаза на прием на домашно квалитетно млеко, преку лабораториските испитувања и контрола на квалитетот, производството и пакувањето, па сè до складирањето и дистрибуцијата“, изјави Полексена Јанкуловска, маркетинг-менаџер во Бимилк.

Меѓународниот ден на квалитет секоја година се прославува низ целиот свет на вториот четврток од ноември, а оваа година беше прославен на 14 ноември. Секоја година,овој ден се одбележува под различна тема, а овогодишното одбележување беше посветено на 100-те години квалитет,поточно на еден век од основањето на Меѓународниот институт за квалитет. Од 1919 година до денес, страста за обезбедување квалитетни и безбедни производи и услуги опстојува поради извонредната работа на професионалците за квалитет.

Бимилк е една од компаниите низ целиот свет, кои,исто така, даваат свој придонес во подигнувањето на свеста од потребата за следење на стандардите за квалитет во производството.

Извор: Зелена Берза

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Водовод: Водата за пиење во Скопје одговара на правилникот за безбедност и квалитет
ЈП Водовод: Земените примероци од водата за пиење во Скопје ги исполнуваат барањата за безбедност и квалитет
Таг:битолска млекараденквалитетмлекотворен
Претходен напис УХМР: Состојба на земјоделските култури и агрометеоролошка прогноза за периодот после 15.11.2019 година
Следен напис Осум продукти кои го исфрлаат никотинот од организмот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?