Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Антонио Ангеловиќ, најуспешен млад земјоделец за 2021 година: „Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Антонио Ангеловиќ, најуспешен млад земјоделец за 2021 година: „Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“
Магазин

Антонио Ангеловиќ, најуспешен млад земјоделец за 2021 година: „Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“

Објавено 21/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Признанието за најуспешен млад земјоделец за 2021 година Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ во рамки на манифестацијата „Избор на најуспешни во областа на земјоделството“ му го додели на Антонио Ангеловиќ од Лозово.

Антонио е дипломиран економист по вокација, но желбата и љубовта за земјоделското производство му се поголеми од работа во администрација или некоја друга професија.

Земјоделското производство за младиот Антонио е семејна традиција, која тој ја продолжува со сета сериозност и одговорост која ја носи оваа професија. На 700 хектари одгледува житарки и има 15 хектари лозје, а произведува и семенски материјал.

„Имав насеано 400 хектари со житарки од кои основно семе пченица 50 хектари и јачмен основно 105 хектари. Се одлучив да посеам и семенска пченица за да имам квалитетно производство, а и за другите колеги земјоделци да имаат добро семе и повисок принос. Оставив и 50 хектари за сончоглед за проектот договорно производство со фабриката „Благој Ѓорев“ од Велес“, вели Ангеловиќ.

Антонио редовно користи субвенции, а последниве две години има купено два нови трактори, комбајн и приклучна механизација и има изградено силос и магацински простор.

„Ако се работи професионално и посветено, од земјоделието може добро да се живее“, вели Антонио.

Антонио сака професионално да се занимава со земјоделство и постојано следи каква поддршка има од државата.

„Земјоделството не е лесно, работиме постојано, на дожд, на сонце, а произведуваме храна. Затоа треба да се стимулира повеќе земјоделецот, тоа е добро за сите и за државата. За моите планови во иднина посакувам само здрвје и бериќетни години, а кога се работи макотрпно, другото ќе си дојде – заклучува овој млад земјоделец.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Антонио ангелковиќ
Претходен напис Протест на оризопроизводителите од Кочанско: На пописот ќе се изјасниме како робови, оти никој не води сметка за земјоделците
Следен напис Стојанка и Донка, две јатрви од кавадаречко село Сопот, вредни земјоделки, играорки, спортистки…жени за почит
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?