Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Турски марш во производството на зеленчук – 56.000 хектари покриени со оранжерии
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Турски марш во производството на зеленчук – 56.000 хектари покриени со оранжерии
Магазин

Турски марш во производството на зеленчук – 56.000 хектари покриени со оранжерии

Објавено 16/11/2019
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Амбициозните власти на оваа земја на крстосницата на Азија и Европа си поставија амбициозен план за раст на пазарот на земјоделски производи за приближно 136 милиони американски долари годишно од 2016 до 2021 година. Акцентот ќе биде ставен на производството на градинарски производи.

Според  Министерство за земјоделство и шумарство на Турција, 56,000 хектари во оваа земја се опфатени со оранжерии, но 75% од оранжериите се помали од 0,3 хектари, додека просечната големина на модерните оранжерии е три хектари.

 Сето ова им беше претставено на земјоделските новинари на Евроазискиот и балканскиот форум за земјоделски новинари, организиран на почетокот на ноември во Анталија од страна на IFAJ (Меѓународна организација на земјоделски новинари) и TAGYAD – Турското здружение на земјоделски новинари. Дури 34 новинари од 21 земја имаа можност да се запознаат со состојбата и капацитетите во производството на зеленчук и овошје од овој регион и воопшто со ситуацијата и трендовите во земјоделството на Турција.

Најголемо производство во регионот  на Анталија

Само минатата година во Турција  во оранжерии  се произведени 3,9 милиони тони домати, 1,2 милиони тони краставици, 500.000 тони пиперки и 300 000 тони модри патлиџани. Постојат околу 23,000 хектари оранжерии во регионот на Анталија, најмногу од цела Турција.

Во овој град со 1,3 милиони жители со 219 сончеви денови годишно, стаклениците се наоѓаат и меѓу зградите, па не е ни чудо што 53% од производството на зеленчук во Турција е од овој регион. Во однос на вкупниот турски извоз на зеленчук и овошје, 21% доаѓаат од Анталија.

Фантастични приноси, а производството – органско

Приносите во оранжериите се фантастични – до 550 тони од хектар, што  најдобро се гледа во компанијата „Јуксел Тохум“ од Коркутели, на стотина километри од Анталија, која е сопственик на најголемата оранжерија во Турција. Зафаќа површина од 220 хектари и се состои од две оранжерии кои  ги дели краток пат, долг еден километар. Компанијата постои веќе 30 години, а  во неа растат пиперки, дињи, лубеници, модри патлиџани, краставици, домати, кои се извезуваат во 75 земји од светот.

Производството се спроведува според органски принципи, исто како и во компанијата „Серкондер“, која исто така се наоѓа недалеку од Анталија, и која освен што поседува оранжерии, изработува  оранжерии и за други производители во Турција. Годишниот капацитет е 500 хектари нови оранжерии. Компанијата соработува со 45 фармери кои одгледуваат домати. 75% од производството на домати оди за извоз, а остатокот за домашниот пазар. Приносот е 30 килограми од метар квадратен, а производството се врши од септември до јуни, кога започнуваат високите температури.

Минатата година 500.000 тони пиперки беа произведени во оранжериите на Турција.

Тие ја развиваат домашната економија

И во двете спомнати  компании, опрашувањето на растенијата се врши со помош на инсекти купени од израелската компанија Биоби и ова е единственото нешто  што се набавува од странски компании.

Бумбарите: 20 години решение за подобро опрашување на растенијата во Израел

Сите репроматеријали и  целокупната опрема на оранжериите во кој било дел на Турција се набавени од домашни компании, што е индикатор за посветеност и национално единство, сите да ги исполни предвидените цели во областа на земјоделството, бидејќи Турција има за цел да го зајакне своето присуство на пазарите на државите не само на Блискиот исток, туку и Европа и Азија.

Инаку, 85% од производството во оранжерии во Турција, од обични пластеници, завршува на домашниот пазар, додека 90% од производството во современи објекти оди на извоз.

Извор: https://www.agroklub.com/

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:Градинарски производиоранжерии во АнталијаТурција
Претходен напис Земјоделците го блокираа Хамбург со 4.000 трактори
Следен напис Словенечката студија ги потврдува позитивните ефекти на матичниот млеч
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?