Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото
Агровести

Сопственици на рибници на Тиквешко Езеро бараат да не се испушта нагло вода од езерото

Објавено 14/09/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска реагираа сопствениците на рибници поставени во втората по големина вештачка акумулација во државата, кои велат дека се загрозени рибите поради нагло испуштање на вода од Тиквешкото Езеро,

Ристе Димов, сопственик на рибник, соопшти дека Здружението на рибопроизводители, кое е значаен дел од Аквакултурата, бара да се прекине со несовесното испуштање на водата од езерото.

Димов потсети дека лани во периодот од 20 октомври до 5 ноември, поради нагло испуштање на вода, во кафезните фарми лоцирани на Тиквешко за одгледување и производство на конзумен крап, се случи масовен помор на риби.

– Како директно погодена фарма, имавме загуба од 52 тони риба – нагласи тој.

Димов појасни дека минатата година им било ветено дека нема да има нагло испуштања на вода од езерото заради производство на струја, во вегетациски период кога температурата на водата е висока и метаболитичките процеси на крапот се оптимални. Но, додаде дека годинава повторно стравуваат од помор на рибите во рибникот.

Димов рече дека изминатите десетина дена повторно имало нагло испуштање на вода. Во услови кога надворешните температури и температурата на водата се релативно високи, при активен вегетациски период, оптимални услови за метаболитички процеси кај крапот, што условуваат со потреба за растворен кислород во водата.

– А кислородот е на значително минимално ниво, поради испуштањето на водата, нешто што го загрозува рибниот фонд – дециден беше сопственикот на кафезна фарма на Тиквешко Езеро.

Извор: МИА

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:тиквешко езеро
Претходен напис Учиме рецепти: Домати во снег, оригинален и несекојдневен вкус
Следен напис Нова поддршка од ФИТР за поттикнување на социјалното претприемништво
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?