Битолската компанија „Хемометал“ веќе 40 години е вистински партнер на земјоделците и агробизнисмените, која ги снабдува со трактори и друга потребна механизација за обработка на земјиштето.
Екипата на Агротим разговараше со Мирко Велковски, сопственикот на „Хемометал“, кој вели дека секоја година сѐ повеќе се зголемува интересот за трактори и за механизација.
„Фармерите сѐ повеќе бараат трактори кои ќе им направат заштеда и во време и во пари. Бараат сѐ поголеми трактори, со поголема коњска сила и повеќе европски трактори или трактори од Јапонија и Индија кои се со евроквалитет. Тракторите Zetor, Solis и Hattat се трактори кои нашите фармери најмногу ги купуваат“, вели Велковски.

Компанијата „Хемометал“ нуди поволности при купување на трактори и друга механизација.
„На нашите фармери им нудиме поволни кредити за да може секој да купи она што му треба. Моментално работиме со повеќе банки кои нудат поволни кредити. Ние како компанија со Прокредит ги нудиме со годишна камата од 2,5% до 3,5% во зависност од висината на кредитот.“, рече Велковски.
