Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На државните пасишта ќе се градат мандри со европски пари
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Сточарско производство > На државните пасишта ќе се градат мандри со европски пари
Сточарско производство

На државните пасишта ќе се градат мандри со европски пари

Објавено 27/08/2021
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Сточарите во иднина ќе може подолгорочно да закупуваат државни пасишта, ќе може на нив да градат трла, мандри, и друг вид на објекти и ќе може да аплицираат за пари од европски фондови.

Овие значајни новини ги овозможува предлогот за новиот закон за пасишта кој е поставен на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) и за кој засегнатите страни имаат рок за расправа од уште две недели.

Претседателот на Созјузот на одгледувачи на овци, Никола Ѓеоргиев, за Слободен печат вели дека сточарите со нетрпение го очекуваат, затоа што е тој европски закон кој ја отвора вратата за пристап до европските фондови.

– Ние подолго време инсистиравме на еден европски закон за пасишта. Многу е битно тој што поскоро да се донесе и да се доврши инвентаризацијата за да имаме пристап до европските фондови, а има многу големи фондови. Бугарија и Хрватска веќе стигнаа до големи износи. Можеме и ние – вели Ѓоргиев.

Тој вели дека сточарите и земјоделците и досега користеле пари од ИПАРД-фондови, но за инвестиции на приватно земјиште, а сега првпат, тоа ќе може да се прави и за инвестиции на државно земјиште. Притоа, како посебно значајно за инвестирањето го посочува рокот на закупот. Досега закупите биле на краток рок, а со новиот закон се даваат можности за подолгорочни закупи, со што се создаваат услови и за оправданост на инвестициите.

Со новото законско решение е предвидено да се формира државна комисија за доделување на пасишта во државна сопственост. Сојузот на одгледувачи на овци има забелешки околу комисијата и бара во неа да има и нејзин претставник за пореално вреднување на пасиштата.

– Одгледувачите на овци најдобро ги знаат пасиштата. Ја знаат нивната вредност и затоа тие треба да бидат во една таква комисија. Според сегашните наши сознанија, цените за државните пасишта ќе бидат повисоки од оние што се сега. Тоа би било оправдано само ако јавното претпријатие им го подигне бонитетот. Во спротивно, нема оправдување. Ние сега се соочуваме со пасишта обраснати со нискостеблести растенија и тие не може да се користат. Неопходни се агромелиоративни мерки за да се подобрат условите за искористување на пасиштата – вели Ѓоргиев.

Во Македонија има проценка за 567.000 хектари пасишта во државна сопственост. Но, ЈП за шуми нема целосна евиденција што им се случува на тие пасишта. Еден дел се дадени под закуп, еден дел се бесправно узурпирани, а дел се со трње, шума и се непристапни. Се проценува дека електронски се евидентирани 50 до 60 отсто од парцелите со државни пасишта.

„Од осамостојувањето на државата не е направена инвентаризација на пасиштата, па од тие причини јавното претпријатие нема точни податоци кои се слободни пасишта што може да се доделат со јавен оглас како што актуелно е регулирано со законското решение“, пишува во Извештајот за проценката на влијанието на новата регулативата.

Според новата законска регулатива, како закупувачи на државните пасишта може да се јават домашни правни и физички лица, но и странски правни лица. Странските фирми имаат право да учествуваат на јавен оглас доколку во државава имаат регистрирано подружница.

Пасиштатата ќе може да се дадат во закуп и тоа за: за напасување на ситни и крупни преживни животни до 10 години; за напасување на коњи и други копитарии до 10 години; за спортско-рекреативни активности и рурален туризам до 30 години, и до 30 години за преработка на примарни сточарски производи, продажен простор за прозиводите добиени од земјоделската дејност, за сместување, исхрана, едукација, рекреација и продажба на производи за потребите на домаќинствата на лицата ангажирани во производството на примарни и преработени сточарски производи, собирни центри за млеко, печурки и лековити растенија.

Извор: Слободен печат

Може да ви се допадне

Мечка нападнала стадо со овци во атарот на село Крклино, информирани се институциите, се чека реакција
Пореметувања во однесувањето кај свињите: гризење на опашките, канибализам и нервоза – причини, последици и превенција
Каде исчезнаа еден милион овци и илјадници говеда за 10 години?
Правилна изградба и вентилација на шталата за поголема продуктивност на кравите
Модерен овчар: Сточарите знаат да прават притисоци ама знаат и да се заблагодарат
Таг:мандриовципасишта
Претходен напис Станечки водопади – мир за душата, рај за срцето
Следен напис Бочварски: Капиталните инвестиции растат, се очекува 80 проценти реализација
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?