Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел
Агровест

Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел

Објавено 24/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) во соработка со Македонско еколошко друштво (МЕД), Јавното претпријатие „Национални шуми“ и општините Берово и Пехчево започнуваат кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел.

Целта на кампањата е да се информира и запознае јавноста за тоа што претставува „заштитено подрачје“, како може да се зачуваат природните вредности и воедно да се обезбедат економски придобивки од заштитените подрачја. Јавната расправа што ќе се организира ќе овозможи и активно вклучување на јавноста во процесот на прогласување на Малешево за заштитен предел. Кампањата ќе трае во следните 10 дена, а ќе опфати промоција на видеа, илустрации и други промотивни содржини.

May be an image of tree and nature

Регионот Малешево, што ги опфаќа општините Берово и Пехчево, претставува целина која се истакнува со своето природно и културно богатство, каде што управувањето со шумите е долгогодишна традиција.

Малешевијата е област во која природата истурила едно чудо убавини, природни богатства од кои застанува здивот. Борови, дабови и букови шуми, чисти реки, разновидност од цвеќиња и лековити чаеви, мноубројни животински видови, традиции, храна.
Малешево навистина ги исполни сите услови за да стане заштитено подрачје!

May be a close-up of nature

Кампањата е поддржана од Програмата за зачувување на природата во Северна Македонија (ПЗП), проект на Швајцарската агенција за развој и соработка (SDC), а координиран од „Фармахем“ од Скопје.
Кампањата е поддржана и од општините Берово и Пехчево.

Повеќе детали за кампањата погледнете во соопштението објавено на веб страницата: https://cutt.ly/4Q56sLq

Слоган на Кампањата: Да го зачуваме Малешево за идните генерации!

Може да ви се допадне

„Македонцки феномен“: Туѓиот успех не го инспирира, туку го вознемирува и затоа го омаловажува
Вентилатори и ролетни како решение: Зошто нема повеќе климатски услови во Европа?
МЗШВ: Известување за претпазливост
Петто издание на винскиот фестивал во Охрид
Поради ремонт на пругата Скопје-Зелениково за „Градскиот воз“, од утре времено без возови од Скопје за Велес, Гевгелија и Битола
Таг:малепевомалешево
Претходен напис Цената на нафтата на светските пазари повторно паѓа, пченицата сѐ поскапа
Следен напис Гордана Несторовска, учесник на првата Обука за одржливо пчеларство на Меден Исток: Во пчелната кошница не може секој да прави што и како сака и со своето однесување да им штети на другите членови од пчелното семејство
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?