Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Гордана Несторовска, учесник на првата Обука за одржливо пчеларство на Меден Исток: Во пчелната кошница не може секој да прави што и како сака и со своето однесување да им штети на другите членови од пчелното семејство
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Гордана Несторовска, учесник на првата Обука за одржливо пчеларство на Меден Исток: Во пчелната кошница не може секој да прави што и како сака и со своето однесување да им штети на другите членови од пчелното семејство
Магазин

Гордана Несторовска, учесник на првата Обука за одржливо пчеларство на Меден Исток: Во пчелната кошница не може секој да прави што и како сака и со своето однесување да им штети на другите членови од пчелното семејство

Објавено 24/08/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гордана за прв пат се запознала со концептот за еколошко одгледување на пчели пред 2 години и кога ја прочитала објавата дека и кај нас ќе се организира основен курс за одржливо пчеларство веднаш одлучила да се пријави.

„Пред две години подетално се запознав со концептот за еколошко одгледување на пчели и кога ја прочитав објавата дека ќе се организира основен курс за одржливо пчеларство од Меден Исток, веднаш одлучив да се пријавам. Мојата одлука беше пред да почнам подетално да читам и да се занимавам со пчеларство, да ги научам техниките од луѓе кои целиот свој живот го посветиле на пчеларството и љубовта кон одгледувањето пчели. Сам не можеш да го научиш тоа. Иако постои литература за пчеларство, тешко е да се најде на македонски јазик и не е доволно специфична за нашата автохтона пчела Apis mellifera macedonica. Дополнително, не постои начин за практична едукација за одгледување пчели надвор од обуката која ја организира Меден Исток.“, вели Гордана.

Фото: Меден Исток

Во текстот на веб-страницата Меден исток можете да дознаете за нејзиното искуство од обуката, како си поминала, што научила, кои се нејзините размислувања за одгледувањето на пчели и што можеме да научиме сите од пчелите.

Во интервјуто, меѓу другото Гордана го споделува своето воодушевување од начинот на организација на пчелната кошница.

„Јас сум воодушевена од начинот на организација на пчелната кошница. Нема секој да прави што и како сака и со своето однесување да штети на другите членови од пчелното семејство. Кога ќе се изведе малата пчелка, прво ќе си го исчисти местото (ќелијата) каде се родила, после ќе ги храни постарите ларви, па кога ќе се научи како се прави тоа, ќе се грижи за помладите ларви. После ќе средува во кошницата, ќе гради ќелии, и пред да ја пуштат во надворешната средина, ќе си го чува влезот на кошницата од натрапници. Дури откако ќе созрее, пчелата ќе осознае што значи грижа за семејството и колку труд е потребно да се гради и одржи стабилна кошницата, дури тогаш ќе може да излезе и да опрашува и собира нектар од природата.

Пандемијата требаше, но не нè научи, дека само преку грижата за другите, може и на нас да ни биде добро. Пчелите тоа секојдневно го прават и се грижат за нас. Зошто и ние, како човештво, да не се погрижиме за нив кога тие толку добро се грижат за нас?“

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:Гордана НесторовскаГордана Несторовска меден исток
Претходен напис Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел
Следен напис „Тиквешки лозаро овоштари“ бараат од општините комисии за проценка на штета од сушата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?