Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Цената на нафтата на светските пазари повторно паѓа, пченицата сѐ поскапа
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Цената на нафтата на светските пазари повторно паѓа, пченицата сѐ поскапа
Агровести

Цената на нафтата на светските пазари повторно паѓа, пченицата сѐ поскапа

Објавено 24/08/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Иако почетокот на оваа година најавуваше враќање на цената на суровата нафта на вредности пред пандемијата, тој тренд во претходната недела е запрен, а аналитичарите како причина го наведуваат – сѐ поагресивното ширење на новиот делта сој на корона вирусот. Неговото агресивно ширење се заканува повторно да ги „умртви“ светските пазари и да ја намали побарувачката за суровини, а исклучок единствено претставува храната, пред сѐ житарките.

Да потсетиме, најголем пад на цената на суровата нафта се случи на почетокот на минатата година, кога пандемијата беше во полн залет. Во текот на март, заедно со наглиот скок на бројот на заболени во САД, барел тексашка сурова нафта можеше да се купи за 20 долари, додека „црното злато“ од Северното Море, т.н брент, чинеше нешто повеќе, 23 долари за барел.

На почетокот на оваа година цената значително се опорави и забележан е раст од 40 отсто во однос на веќе постигнатото ниво на крајот на 2020 година, практично, со 50 долари за барел нафта надмина износ од 70 долари. На тоа влијаеше опоравувањето кое следеше во развиените земји, пред сѐ, поради достапните вакцини.

Така ова лето во однос на минатогодишното, значително е зголемен број на патувања, авиокомпаниите почнаа поинтензивно да ги обновуваат линиите, а почна да се издигнува и индустријата што беше видливо по растот на цената на суровините.

Меѓутоа сѐ поголемиот број на заразени со новите соеви на вирусот, се заканува тој тренд да го запрат, а чувствителниот пазар на нафта е прв идникатор на тие движења.

Од друга страна, цената на пченицата и пченката на берзите расте, што последователно ќе се одрази на поскапување на производите во чиј состав влегуваат, пред сѐ месото и месните преработки.

Извор: danas.rs

Може да ви се допадне

Ќе биде прогласена епидемија во Гостивар: Стотици прегледи на Инфективното одделение, тројца хоспитализирани
Серафимовски: Задругата ја зголемува економската сила на земјоделецот и сточарот
Големината, разновидноста и особеностите на Националниот парк „Шар Планина“бараат стручност, добра организација и постојано присуство
Министерот Серафимовски на „Фестивал на жетва“ во Новаци: Секое зрно пченица е плод на макотрпна работа, одговорност и љубов кон земјата
Удар за турскиот извоз: Русија го ограничи увозот на праски, сливи и цреши
Таг:pcenicaпченицацени
Претходен напис Овошките и виновата лоза најзагрозени, останува препораката за наводнување
Следен напис Започнува кампања за прогласување на Малешево за заштитен предел
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?