Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Арјанит Хоџа: Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада!
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Арјанит Хоџа: Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада!
Шумарство и водостопанство

Арјанит Хоџа: Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада!

Објавено 31/07/2021
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во валандовско, во присуство на Претседателот на Владата Зоран Заев, Заменикот на Претседателот на Владата Љупчо Николовски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, Министерот за здравство, Венко Филипче, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, како и претставници на “KfW” банката, беше пуштен во употреба новиот, модерен систем за наводнување долж јужната долина на реката Вардар, за наводнување на нови 2.150 хектари земјоделско земјиште. Оваа капитална инвестиција е во износ од 24 милиони евра.

-Без вода, нема конкурентно земјоделско производство! Без модерни системи за наводнување, нема развој на агросекторот! Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада!Токму затоа, денешниов ден е од историско значење за државата, за институциите, за општините, а најмногу за земјоделците од овој регион – изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и додаде дека денеска одовде, потече вода низ новиoт модерен систем за наводнување, со кој се опфаќа површина од 2.150 хектари на територијата на општина Валандово, а ги опфаќа населените места Удово, Јосифово, Калково и Пирава.

-Со завршувањето на изградбата на оваа капитална инвестиција „Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар“, се овозможи реализација на затворен подземен систем за наводнување кој ќе биде оперативен 365 дена во годината. Ова ќе придонесе за интензивирање на земјоделско производство и зголемување на приносите на земјоделските култури, а крајно ќе влијае на поголем развој на општините и зголемување на вкупната домашна економија. Земјоделците од овој регион, ќе можат да го прошират производството, да воведат нови култури за кои е потребно стабилно наводнување, а тоа од денеска е наша реалност.Вкупната вредност на Програмата надминува 24.000.000 € од кои 30% се обезбедени од Буџетот на МЗШВ и 70% обезбедени во договор со Владата на Сојузна Република Германија, застапувана од Германската Развојна Банка (KfW), во форма на грант и на заем под поволни услови – рече Хоџа.

Потребата од системи за наводнување е неопходна за подобрување на конкурентноста на земјоделскиот сектор и развој на руралните средини, особено заради се посилното влијание на климатските промени на кои сите сме сведоци. Анализите за влијанието врз земјоделскиот сектор, укажуваат на ограничувања во земјоделското производство поради дефицит на вода. Следствено на сето ова, наводнувањето е од огромно значење за опстанокот на земјоделското производство и агро-биодиверзитетот.

Фактот дека значителен дел од руралното население егзистенцијално зависи од приходите од земјоделството, значи дека руралните заедници се особено ранливи. Затоа, наводнувањето е една од клучните компоненти за развиено и стабилно земјоделско производство, за подобрување на условите за живот и заштита на руралните средини од климатски влијанија.

– Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство  континуирано ја зголемува конкурентноста на земјоделскиот сектор. Во целиот тој процес  наводнувањето има огромна улога. Во Инвестицискиот план за управување со водите и инфраструктурата за наводнување, предвиден е буџет за рехабилитација и модернизација на постоечката инфраструктура за наводнување, како и поправка на мали брани и резервоари. Изработени се основни проекти за мали системи кои треба да се градат во иднина и за кои е обезбедено финансирање. Сето ова е во насока на зголемување на земјоделските површини, бидејќи за нас, секоја педа обработливо земјиште кое ќе почне да се користи е успех – истакна Хоџа!

Успех е и завршетокот на Програмата за наводнување на јужната долина на реката Вардар и тоа во предвидениот рок и покрај пандемиската криза.

Може да ви се допадне

Трипуновски: Оваа година е година на инвестиции и системски промени во земјоделскиот сектор
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Трипуновски: Никој не е над законот, нема заштитени лица, без разлика на нивната функција
Кампања „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во Неготино
Трипуновски ја најави кампањата „Гласот кој го слушаме – македонско најдобро“: Институциите одат директно кај земјоделците
Таг:долиназаевинвестицијајужновардарскакапиталнаминистер
Претходен напис (ГАЛЕРИЈА)Пуштен во употреба новиот систем за наводнување, долж јужната долина на реката Вардар
Следен напис МОН: Oд денес аплицирање за субвенциониран студентски оброк, ова се условите
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?