Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: (ГАЛЕРИЈА)Пуштен во употреба новиот систем за наводнување, долж јужната долина на реката Вардар
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > (ГАЛЕРИЈА)Пуштен во употреба новиот систем за наводнување, долж јужната долина на реката Вардар
АгровестиРурален Развој

(ГАЛЕРИЈА)Пуштен во употреба новиот систем за наводнување, долж јужната долина на реката Вардар

Објавено 31/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска во валандовско, во присуство на Претседателот на Владата Зоран Заев, Заменикот на Претседателот на Владата Љупчо Николовски, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, Министерот за здравство, Венко Филипче, заменик амбасадорот на Сојузна Република Германија Ото Граф, Градоначалникот на Општина Валандово Перо Костадинов, како и претставници на “KfW” банката, беше пуштен во употреба новиот, модерен систем за наводнување долж јужната долина на реката Вардар, за наводнување на нови 2.150 хектари земјоделско земјиште. Оваа капитална инвестиција е во износ од 24 милиони евра.

Овој систем е дел од „Програма за наводнување на јужната долина на реката Вардар втора фаза“ .

Новиот систем за наводнување е од капитален карактер и отвара нови перспективи за граѓаните од оваа општина. Истиот, обезбедува континуирано снабдување со вода во текот на цела година, на површина од 2000 хектари и носи бенефит за повеќе од 1300 домаќинства. Преку овој проект се создаваат значајно подобри услови за обработување на расположливите земјоделски површини, се намалуваат трошоците и се зголемува конкурентноста на валандовскиот земјоделски производ.

Проектот “Јужновардарска долина”, беше финансиран со средствата на Владата на Сојузна Република Германија, преку развојната германска банка “KfW” и со средства на Министерството за земјоделство, шумарство, и водостопанство, како главен носител на проектот.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Јужен ВардарСистем за наводнување
Претходен напис Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра
Следен напис Арјанит Хоџа: Секоја нова педа земја до која ќе дојде вода, е успех на една Влада!
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?