Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра
АгровестЈавни огласи и повици

Европската Комисија го зголеми буџетот за реализација на проекти преку Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“, микро и малите фирми имаат на располагање над 13,5 милиони евра

Објавено 31/07/2021
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Aгенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ги информира сите заинтересирани за аплицирање за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ дека Европската Комисија одобри зголемување на првично предвидените средства за оваа мерка. Ова значи дека од привично предвидените 9,6 милиони евра сега на располагање на потенцијалните апликанти за реализација на проекти преку мерката „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се ставаат  на располагање над 13,5 милиони евра. Финансиската поддршка по корисник се движи од  од 1.500 до 1.000.000 евра, не вклучувајќи го данокот на додадена вредноста, а повратот на инвестициите е во висина до 65% од вкупните прифатливи трошоци.

Овие средства се наменети за реализација на проекти во повеќе сектори

  • Алтернативно земјоделско производство
  • Производство на прехранбени производи и пијалоци
  • Колачи, тестенини и пекарски производи
  • Чај и билни екстракти
  • Зачини и билки
  • Слатководна риба, ракови и мекотели
  • Производство на не-прехранбени производи
  • Занаетчиски дејности, кои се во согласно со Правилникот за определување на дејности кои можат да ги вршат занаетчиите
  • Развој на услуги за руралното население
  • Промоција на руралниот туризам

Сите информации за повикот, како и целокупната потребна документација може да се најдат на веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk

Со помош на средствата од ИПАРД 2 програмата, физичките и правните лица имаат можност да ги модернизираат постојните или да отвораат нови микро и мали претпријатија кои ќе помогнат домашните земјоделски производи да добијат додадена вредност. Преку оваа мерка има можност и да се развива руралниот туризам, како и да се прави негова промоција.

Преку оваа мерка се создаваат услови да се развиваат руралните подрачја, a граѓаните добиваат можност да ги развиваат и руралните средини како и да отвораат нови работни места. Претпријата кои веќе имаат реализирано инвестиции и проекти преку Мерката 7, „Диверзификација на фарми и развој на мали бизнизи“ го зголемиле производството, ги модернизирале капацитетите а со новите повици планираат да воведат нови инвестиции за да ја прошират лепезата на производи.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
Јавен повик 1/2026 за доделување на користење на рибите и другите водни организми од рекреативната зона „Брегалница-Штипска“
Општина Илинден со субвенции до 10.000 денари за инвертер клими и соларни панели
Општина Градско распиша јавен повик за пријавување на штети од мраз во земјоделството
Таг:ИпардМерка 7
Претходен напис Земјоделците на кои им е раскинат договорот за закуп, до одземање од владение ако ги платат давачките кон државата, ќе им се врати земјата
Следен напис (ГАЛЕРИЈА)Пуштен во употреба новиот систем за наводнување, долж јужната долина на реката Вардар
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?