Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Африканската свинска чума повторно избила на германските фарми, а ситуацијата во Полска ескалира
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Африканската свинска чума повторно избила на германските фарми, а ситуацијата во Полска ескалира
Агровест

Африканската свинска чума повторно избила на германските фарми, а ситуацијата во Полска ескалира

Објавено 29/07/2021
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Африканската свинска чума повторно избувна во Германија, на две фарми за свињи во источната провинција Бранденбург, објави сојузното Министерство за земјоделство на Германија.

Според top agrar, заразените животни потекнуваат од фарма во областа Spree-Neisse, каде што органски се одгледуваат 200 животни, а сите тие ќе бидат усмртени. Втората инфекција избувнала на мала фарма со само две свињи во областа Меркиш-Одерланд.

Според федералното Министерство за земјоделство (БМЕЛ), регионализацијата во Европската Унија, а со тоа и можноста за трговија со свињи и свинско месо во рамките на оваа заедница, сè уште постои. Меѓутоа, извозот во трети земји веројатно повторно ќе биде во опасност.

Сè полошо е во Полска

Двете германски фарми се наоѓаат во близина на полската граница, а надлежните ветеринарни власти веднаш ја блокирале и ги презеле сите мерки за заштита.

„Скоро една година се бориме против притисокот на епидемијата Африканска свинска чума од Полска, поставена е заштитна ограда долж Одра и Најса, но сепак имаме области каде што сè уште треба да се бориме против оваа болест“, рекла Урсула Нонемахер, министерка за заштита на потрошувачи во Бранденбург.

Во Полска ситуацијата навистина ескалира. Европската комисија стави уште десетина општини во црвената зона на ризик од појава на оваа болест. Споредувајќи го годинешниот тек на Африканската свинска чума со податоците од минатата година, ситуацијата може да биде многу полоша.

Како што известува farmer.pl, до средината на јули 2020 година, таму се забележани шест епидемии на болеста, а скоро 34 илјади животни умреле или биле усмртени со цел да се спречи ширењето. Сепак, оваа година има веќе 24 случаи со над 24.500 угинати или еутанизирани животни, а болеста се шири со зголемена брзина.

Избивањето на болеста може да го следите и на интерактивна карта:

Извор: agroklub.rs

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Листа на најлошо платени работни места во Германија: Овие плати ги изненадуваат дури и германците
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Во февруари најмногу странски туристи од Турција, Грција, Србија и Германија
Таг:африканска свинска чумаГерманијаполска
Претходен напис Помош на млади земјоделци за започнување на земјоделска дејност – еве кои се условите и документите потребни за да добиете грант од 10 000 евра
Следен напис Од панелот на Економскиот форум: Разговараме директно со стопанствениците, тие ја јакнат нашата економија и со регионалната соработка отвораат нови работни места
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?